1. Наслов на наставниот предмет |
Податочни структури и анализа на алгоритми | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ07Л024 | |||||||
3. Студиска програма |
КТИ, ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
II/4 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Даниел Денковски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
Положени: Програмирање и алгоритми Ислушани: Податочни структури и програмирање | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Работа со сложени податочни структури илустрирани преку програмскиот јазик Јава. Работа со податочни стуктури и алгоритми за работа со истите. По завршување на курсот студентот ќе може да решава проблеми со сложени податочни стуктури и алгоритми (во Јава). |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед за теорија на алгоритми и основни концепти на податочни структури. Логички и физички структури. Имплементација со Јава ADT. Анализа и комплексност на алгоритам. Линеарни податочни структури-низи и листи. Статички и динамички низи и листи во Јава. Примена на низи и листи за логички податочни структури: пласт/магацин, ред, двостран ред, приоритетен ред (имплементација со Јава). Алгоритамски стратегии. Дизајн на алгоритми. Класификација на алгоритми. Стратегија груба сила (brute force). Алчни (greedy) алгоритми. Стратегија раздели и владеј (Divide and Conquer). Нелинеарни структури. Дрва. Бинарни дрва. Бинарни пребарувачки дрва. Балансирани бинарни пребарувачки дрва. AVL дрва. Црвено-црни балансирани дрва (Red‐Black Trees). Хеш (hash) структури. Функции за хеширање и нивни својства. Колизии и разрешување. Графови. Насочени и ненасочени графови. Примена на графови. Тежински графови. Претстава на графови преку податочни структури. Пребарување во графови: по длабочина и по широчина. Алгоритми за најкратки патеки во тежински графови. Белман-Форд алгоритам. Алгоритам на Дијкстра. Алгоритам на Крускал. Алгоритам на Прим. |
||||||||
12. Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
30 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
45 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
25 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
20 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
60 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
10 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
10 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
0 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
80 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Два парцијални писмени испити во текот на семестарот (на половина и на крај од семестарот) во времетраење од по 120 минути или еден завршен писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути. Оценување и на лабораториските вежби. Во конечната оцена влегуваат поените од писмениот испит и лабораториските вежби. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид | |||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
T. H. Cormen et all | Introduction to Algorithms, 3rd Ed. | MIT Press | 2009 | ||||
2 |
Роберт Лафор | Податочни структури и алгоритми во JAVA | превод влада | 2003 | ||||
3 |
M. Goodrich, R. Tamassia | Data Structures and Algorithms in Java, 6th Ed. | John Willey | 2014 |