Податочни структури и програмирање

Последна измена: октомври 25, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Податочни структури и програмирање

2.    Код

3ФЕИТ07Л025

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

I/2

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Валентин Раковиќ, Д-р Живко Коколански, Д-р Марија Календар, Д-р Сања Велева, Д-р Славче Пејоски, Д-р Томислав Шуминоски

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Програмирање и алгоритми

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со податочните структури. Работа со класи и инстанцирање на објекти. По завршување студентот ќе може да решава програмски проблеми со помош на објектно програмирање

11.    Содржина на програмата: Вовед во нов тип на променливи. Сложени податочни типови.  Дефинирање на структури. Дефинирање, користење и компајлирање со сопствени заглавја. Автоматизирање на компајлирањето со помош на алатката make и Makefile. Вовед во C++. Концепти на програмирање во C++. Структури  во C++. Референци и покажувачи во C++. Функции и преоптоварување на функции. Концепти на објектно-ориентирано програмирање. Концепти на класи и објекти. Поими за конструктор и деструктор.  Нови податочни структури. Концептите на податочните структури магацини и редови. Пријателски класи и функции. Функции членови на класа. Преоптоваруање на оператори  (функции)  членови на класа.  Концепти за единечно поврзани листи. Концепти на двојно поврзани  листи. Двојно поврзани листи во C++.  Динамична алокација на меморија.   Концепти на наследување.  Концепт на полиморфизам. Обопштување на класи. Виртуелни Функции. Апстрактни класи.

12.    Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 2 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

60

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

10

16.2. Самостојни задачи

20

16.3. Домашно учење

60

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

80

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Prata S. C++ Primer Plus, 6th Ed. Addison-Wesley Professional 2011

2

Cormen T.H., et. al. Introduction to Algorithms, 2nd Ed. MIT PRESS 2001

3

Stroustrup B. The C++ Programming Language, 3rd Ed. AddisonWesley 2000

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Bruce ECKEL Thinking in C++, Volume One: Introduction to Standard C++, 2nd Ed. Prentice-Hall 2000

2

ECKEL B., ALLISON C. Thinking in C++, Volume Two: Practical Programming Prentice-Hall 2004