1. | Наслов на наставниот предмет | Позиционирање и технологии за мобилност | ||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ10019 | ||||||||||
3. | Студиска програма | 11-ИБС, 20-ИМСА | ||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | ||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | ||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | |||||||
8. | Наставник | Д-р Славче Пејоски | ||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | |||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Разбирање на концептите на позиционирање и комуникациски системи за интелигентна мобилност. Способност за развој на апликации кои вклучуваат позиционирање во интелигентните транспортни системи. |
|||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Преглед на локациски базирани сервиси. Основи на локализација: параметри и мерења, инфраструктура и протоколи, просторно-временски референтни системи, методи за позиционирање. Обработка на сигнали при локализација: навигациски равенки, алгоритми за решавање на истите, мерки за точност и отстапувања во решението. Терестријални радио-локациски системи: позиционирање во целуларни системи (GSM, UMTS, 4G, 5G) и краткодометни системи (WiFi, Bluetooth, ZigBee, UWB, RF-ID). Сателитски системи: GPS, Galileo, GLONASS, Beidou/Compass, сигнали и спрединг кодови, навигациски пораки, архитектура на приемник. Вовед во интелигентни транспортни системи (ИТС): архитектура и елементи, примери и апликации. Софтверски алатки и платформи за имплементација на ИТС. Примена на локациски сервиси за апликации поврзани со мобилност. Основи на надгледување на сообраќај: сензори и комуникациски системи за идентификација и броење на возила/патници/опрема, возилата како сонди (probe vehicles) и податоци од возила во движење (floating car data), управување со флота на возила, наплата при патување, транспорт по барање. Преглед на комуникациски технологии за безбедност и транспорт: целуларни, сателитски и краткодометни комуникации, комуникација возило-возило, комуникација возило-инфраструктура, комуникациски системи за сигнализација и контрола. |
|||||||||||
12. | Методи на учење:
Интерактивни предавања, самостојни и групни проекти, домашни задачи, работилници и семинари |
|||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | ||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | ||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | ||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | ||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | ||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | ||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | ||||||||||
17. | Начин на оценување | |||||||||||
17.1 | Тестови | 10 бодови | ||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | ||||||||||
17.3. | Активност и учење | 10 бодови | ||||||||||
17.4. | Завршен испит | 30 бодови | ||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | |||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | |||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | |||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | |||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | |||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | |||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Реализирани активности 15.1 | ||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот |
Еден парцијален писмен испит во текот на семестарот (на половина од семестарот) во времетраење од 120 минути или еден завршен писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути. Секој студент мора да изработи самостојно задолжителна проектна задача. Студентот може да изработи дополнителен самостоен проект. Во конечната оцена влегуваат поените од писмениот испит и проектната задача, а доколку е изработен самостоен проект и тие поени. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и електронски уреди. |
||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | ||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација, интерна евалуација и анкети | ||||||||||
23. | Литература | |||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | |||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||||||
1. | Ivan G. Petrovski | GPS, GLONASS, Galileo, and BeiDou за мобилни уреди: од моментално до прецизно позиционирање | Кембриџ универзитетски печат | 2014 | ||||||||
2. | Алан Бенски | Техники и апликации за безжично позиционирање | Artech House | 2016 | ||||||||
3. | Asier Perallos, Unai Hernandez-Jayo, Enrique Onieva, Ignacio Julio García Zuazola | Интелигентни транспортни системи: технилогија и апликации | Џон Вајли и синовите | 2016 | ||||||||
23.2. | Дополнителна литература | |||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||||||
1. | Ian Sharp, Kegen Yu | Безжично позиционирање: принципи и практики | Спрингер | 2019 | ||||||||
2. | Џорџ Димитракопулос, Лорна Урден, Ираклис Варламис | Иднината на интелигентните транспортни системи | Елсевиер | 2020 |