Позиционирање и технологии за мобилност

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Позиционирање и технологии за мобилност

Код: 3ФЕИТ10024

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Славче Пејоски

Цели на предметната програма (компетенции): Разбирање на концептите на позиционирање и комуникациски системи за интелигентна мобилност. Способност за развој на апликации кои вклучуваат позиционирање во интелигентните транспортни системи.

Содржина на предметната програма: Преглед на локациски базирани сервиси. Основи на локализација: параметри и мерења, инфраструктура и протоколи, просторно-временски референтни системи, методи за позиционирање. Обработка на сигнали при локализација: навигациски равенки, алгоритми за решавање на истите, мерки за точност и отстапувања во решението. Терестријални радио-локациски системи: позиционирање во целуларни системи (GSM, UMTS) и краткодометни системи (WiFi, Bluetooth, ZigBee, UWB, RF-ID). Сателитски системи: GPS, Galileo, GLONASS, Beidou/Compass, сигнали и спрединг кодови, навигациски пораки, архитектура на приемник. Вовед во интелигентни транспортни системи (ИТС): архитектура и елементи, примери и апликации. Софтверски алатки и платформи за имплементација на ИТС. Примена на локациски сервиси за апликации поврзани со мобилност. Основи на надгледување на сообраќај: сензори и комуникациски системи за идентификација и броење на возила/патници/опрема, возилата како сонди (probe vehicles) и податоци од возила во движење (floating car data), управување со флота на возила, наплата при патување, транспорт по барање. Преглед на комуникациски технологии за безбедност и транспорт: целуларни, сателитски и краткодометни комуникации, комуникација возило-возило, комуникација возило-инфраструктура, комуникациски системи за сигнализација и контрола.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Alan BenskyWireless Positioning Technologies and ApplicationsArtech House2016
2Ivan G. PetrovskiGPS, GLONASS, Galileo, and BeiDou for Mobile Devices: From Instant to Precise PositioningCambridge University Press2014
3Asier Perallos, Unai Hernandez-Jayo, Enrique Onieva, Ignacio Julio García ZuazolaIntelligent Transport Systems: Technologies and ApplicationsJohn Wiley & Sons, Ltd.2015
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Nikolas Thomopoulos, Moshe Givoni, Piet RietveldICT for Transport: Opportunities and ThreatsEdward Elgar Publishing2015