Прекинувачки извори за напојување

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Прекинувачки извори за напојување
2. Код 4ФЕИТ05З030
3. Студиска програма КХИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/7 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Љупчо Караџинов
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основните топологии на прекинувачки извори за напојување, нивните принципите на работа и параметри, проектни барања и постапки за нивно проектирање и испитување. Оспособување за користење, анализа на работата и проектирање на основните еднонасочни прекинувачки извори за напојување.
11. Содржина на програмата: Вовед: чопер како еднонасочен енергетски преобразувач, управување на конверторите со импулсно ширинска модулација (PWM) , користени апроксимации во стационарен режим на работа. Конвертор снижувач на напон (buck), генеза, филтрирање на излезниот напон, работа во режими со континуирани и дисконтинуирани струи, граница меѓу режимите со континуирани и дисконтинуирани струи, брановитост на излезниот напон. Напонски и струјни стресови на прекинувачките елементи, влијание на реалните карактеристики на елементите и коефициент на полезно дејство. Анализа на останати конвертори без галванска изолација: конвертор повишувач на напон (boost), инвертирачки конвертор (buck-boost), Чук-ов конвертор, SEPIC и ZETA конвертори. Бидирекционални конвертори. Целомостен dc-dc конвертор: работа со униполарана и биполарна PWM. Магнетни кола. Конвертори со галванска изолација: Флајбек, Форвард, push-pull, мостен, полумостен и струјно напојуван конвертор. Управување: методи за напонско и струјно управување. Анализа на стабилноста на конверторите со метода на усреднување во просторот на состојби.
12.Методи на учење Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 15
16.3. Домашно учење 90
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 40
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 40
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изведени и колоквирани лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, времетраење 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит. Студентот треба да изработи семинарска работа/проектна задача/ и истата да ја предаде најдоцна до завршување на наставата.

Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит.

За време на испитот (не) е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 N.Mohan, T.M. Underland, W.P. Robbins Power Electronics: Converters, Applications and Design John Wiley & Sons Inc 2003
2 Abraham I. Pressman Switching Power Supply Design McGraw-Hill 2004
3 Erickson, Maksimovic Fundamentals of Power Electronics, 3rd edition Springer 2020
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Raymond S. Ramshaw and D. Schuurman Pspice Simulation of Power Electronics Circuits: An Introductory Guide Chapman & Hall 1997