Преносни и дистрибутивни системи

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Преносни и дистрибутивни системи

2.    Код

3ФЕИТ09З019

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕУМ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5, IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Јовица Вулетиќ

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Основи на електротехника

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со електричните мрежи, нивната намена, конструктивна изведба и нивни параметри и заменски шеми. Решавање на радијални, јамкасти и сложено затворени мрежи по пат на пресметка (класични и компјутерски ориентирани постапки). Пресметка на загуби на моќност и енергија. Техно економска анализа.

11.    Содржина на програмата: Основни поими и дефиниции на мрежа, систем и потрошувач. Задача и улога на електроенергетските мрежи (ЕЕМ). Класификација и поделба. Топологии на ЕМ. Елементи на ЕЕМ, конструктивна изведба. Заменски шеми и нивни параметри. Конзум. Сведување. Работа со релативни единици (pu). Решавање на радијални мрежи. Решавање на јамкасти и сложено затворени мрежи – класични и компјутерски ориентирани постапки. Димензионирање. Загуба на моќност и енергија во ЕЕМ. Основи на техно-економските анализи.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски вежби, користење на софтверски алатки, изработка на две проектни  задачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработка на проектните задачи.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ристо Ачковски

Преносни и дистрибутивни системи

ФЕИТ

2006

2

Ристо Ачковски

Збирка решени задачи од областа на преносни и дистрибутивни системи

ФЕИТ

2006

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Н. Рајаковиќ, Д. Тасиќ, Г. Савановиќ

Дистрибутивни и индустриски мрежи

Академска мисла – Белград

2004