Пресметување во grid и облак

Последна измена: ноември 13, 2019

Предмет: Пресметување во grid и облак

Код: 3ФЕИТ07014

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Горан Јакимовски

Цели на предметната програма (компетенции): Познавање на grid и облак архитектури. Познавање на протоколи и платформи за работа со системи за grid и облак.

Содржина на предметната програма: Грид за развој на апликации, Grid Архитектура. Омрежувачка инфраструктура, протоколи и квалитет на сервис. Пресметувачки платформи, оперативни системи и мрежни интерфејси. Компајлери, јазици и библиотеки за Грид. Грид распределување, менаџирање со ресурси, брокери за ресурси, резервација на ресурси. Инструментација и мерење, анализа на перформанси и визуелизација, Безбедност, „книговодство“ и  обезбедување. Алатка Глобус: јадро на системот и соодветни алатки како што се  Message Passing Interface комуникациската библиотека, далечински Влез/Излез, комуникациска библиотека. Legion и соодветниот софтвер. Condor и Грид системи. Open Grid Service Архитектура и податочен грид. Развој на Грид портал. Типови на апликации: географски дистрибуирани, со голема пропусност,„ на барање“, колаборативни и податочно интензивни суперпресметувања, управување со суперпресметувањето, пристап во реално време кон дистрибуирани инструментални системи.  Пресметување во облак: архитектура, поврзување на можни серверски платформи и масовни пресметувања. Стандарди за пресметување во облак. Отворени апликации за пресметување во облак. Приватен облак. Мрежен облак. Архивирање на облак. Управување со облак. Примена на облак во податочен центар. Заштеда на енергија и „зелен“ податочен центар и апликации.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

G. Reese"Cloud Application Architectures: Building Applications and Infrastructure in the Cloud"O’Reilly2009

2

A. Abbas"Grid Computing: Practical Guide to Technology and Applications"John Wiley2005

3

M. Li, M. Baker"The Grid: Core Technologies"John Wiley2005