1. Наслов на наставниот предмет | Претприемништво и бизнис во техниката | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ04Л016 | |||||||
3. Студиска програма | КХИЕ,КСИАР,ЕАОИЕ,ЕЕС,КТИ,ЕЕПМ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/8 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Атанас Илиев | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Математика 1 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Оспособеност развој на сопствен бизнис и препознавање на можностите за креирање на нови работни места базирани на инженерски знаења и вештини. Стекнување знаења за можностите за финансирање на бизнисот, стратегиите за развој на успешен тим и ефективно и ефикасно практикување на менаџерски вештини при водење бизнис во пазарни услови. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Инженерите во современото бизнис опкружување. Економски и финансиски аспекти на бизнисот. Карактеристики на успешните претприемачи и нивни основни мотиватори. Создавање идеи за започнување на нов бизнис. Претприемач vs менаџер. Истражување на пазарот и потенцијалните потрошувачи. Анализа и преземање на ризик при воспоставување на нов бизнис. SWOT анализа. Бизнис план – содржина, намена, реализација. Принципи на развој на нов производ/услуга – определување на оптимален обем на производство; Развој на бизнис модел. Менаџерски функции во микро и мали компании. Важноста на менџментот со човечки ресурси во малите фирми. Тим и тимска работа. Фази во развој на тимовите. Комуникација во проектни тимови. Виртуелни проектни тимови. Стрес, мобинг и воркохолизам на работно место. Извори на финансирање на претприемнички потфати – сопствени средства, кредитирање, лизинг… Бизнис комуникација и преговарање. Влијание на ИКТ за развој на бизнисот. Маркетинг модели и маркетинг стратегии. Е-маркетинг, е-трговија и е-бизнис. Развој на бизниси базирани на зелена агенда (green technology). | ||||||||
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања за поттикнување на развојот на претприемачкиот дух и согледување на бизнис можностите. Аудиториски вежби со решавање практични примери и анализа на реални случаи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 20 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 20 | |||||||
16.3. Домашно учење | 65 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 40 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и изработка на домашните и проектни задачи | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Преку два парцијални писмени испити (времетраење по 2 часа секој) или завршен писмен испит на целиот наставен материјал од предметот (времетраење 2 часа). Студентот треба да изработи семинарска работа и истата да ја предаде до крајот на семестарот во кој се слуша предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити/завршниот испит и изработената семинарска работа. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти или белешки од било било вид, мобилен телефон, таблет или друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Стив Мариоти Каролин Глакин | Претприемништво и менаџирање на мали бизниси | Pearson Education Inc. | 2012 | ||||
2 | T. Дининг, Р. Хисрих, М. Лехтер | Технолошко претприемништвп | Aрс Ламина | 2012 | ||||
3 | Атанас Илиев | Предавања и презентации по предметот Претприемништво 2021 | ФЕИТ – Скопје | 2021 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Кетлин Ален | Претприемништво за научници и инженери | Арс Ламиба | 2010 | ||||
2 | Neeta Baporikar | Entrepreneurship development and Project Management | Hymalaya Publishing House | 2018 | ||||
3 | H. Neck & C. Neck & E. Murray | Entrepreneurship – The Practice and Mindset | SAGE Inc. | 2018 |