1. | Наслов на наставниот предмет | Превклучувачки динамички системи | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ01011 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 6-АРСИ | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Весна Ојлеска Латкоска | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Успешното завршување на наставната дисциплина на студентите ќе им обезбеди: запознавње со динамички системи со превклучување; оспособеност за препознавање на проблеми од управување во кои примената на ваквите модели дава најдобри резултати; запознавање со условите за стабилност на ваквите системи и идеи за примена во некои нови области. |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
1. Вовед во превклучувачките динамички системи. 2. Математичка основа за проучување на превклучувачките динамички системи. 3. Стабилност на превклучувачки динамички системи: Стабилност на превклучувачкиот динамички систем за произволно избрани превклучувачки сигнали; Стабилност на превклучувачкиот динамички систем за предефинирани превклучувачки сигнали. 4. Управливост, набљудливост, и канонски форми кај превклучувачките управувачки системи. 5. Управување со превклучување. 6. Оптимизација на превклучувачките динамички системи. 7. Фази логички и фази-невронски превклучувачки динамички системи. |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 0 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 0 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 50 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Успешно изработена проектна задача. | |||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот |
Предвидена е проектна задача, која студентите треба да ја изработат и презентираат во текот на семестарот. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит и/или завршен усен испит. За студентите кои го положиле завршниот испит, и кои претходно, за време на семестарот ја изработиле и презентирале проектната задача, се смета дека го положиле предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од завршниот испит и поените добиени од проектната задача. |
|||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Daniel Liberzon | Switching in Systems and Control | Boston, MA: Birkhauser | 2003 | |||||||||
2. | Zhendong Sun, Shuzhi Sam Ge | Switched Linear Systems – Control and Design | London: Springer | 2005 | |||||||||
3. | Zhendong Sun, Shuzhi Sam Ge | Stability Theory of Switched Dynamical Systems (Communications and Control Engineering) | Springer | 2011 | |||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Arjan J. van der Schaft, Hans Schumacher | An Introduction to Hybrid Dynamical Systems (Lecture Notes in Control and Information Sciences, 251) | Springer | 2000 | |||||||||
2. | R. Goebel, R. G. Sanfelice, A.R. Teel | Hybrid Dynamical Systems: Modeling, Stability, and Robustness | Princeton University Press | 2012 | |||||||||
3. | W. Perruquetti, and J. P. Barbot (editors) | Sliding Mode Control in Engineering | Marcel Dekker | 2002 |