Примена на микроконтролери

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Примена на микроконтролери

2.    Код

3ФЕИТ06З006

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Благоја Марковски

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Основи на електротехника Ислушани: Основи на електрични кола

10.  Цели на предметната програма (компетенции): Цел на предметот е запознавање со микроконтролери, нивните конструктивни и експлоатациони особености и примена. Студентот по завршувањето ќе биде оспособен за употреба на микроконтролери за конверзија и искористување на електричната енергија, дигитално управување со електрични машини и други апликации во индустијата.

11.  Содржина на програмата: Потреба и можности за примена на микороконтролери при конверзија и искористување на електричната енергија. Запознавање со микроконтролерите и придружни компоненти во едно електрично коло. Управување на потрошувачи со микроконтролер, со посебен осврт на изборот на полупроводнички елементи за таа намена. Запознавање и примена на основни програмски пакети за дизајнирање, симулација и дебагирање на микроконтролерски системи. Особености на влезно излезните порти и нивни функции. Особености на аналогно дигиталната конверзија, прекини, бројачи, тајмери и други специјални функции. Протоколи за комуникација на микроконтролер со надворешни уреди и нивно меѓусебно поврзување, како и поврзување со компјутер со обезбедување соодветна хардверска и софтверска поддршка. Електромагнетни пречки, преглед на извори и техники на заштита. Практични примери на управување при конверзија и искористување на електрична енергија со микроконтролери.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, домашни и проектни задачи, лабораториски вежби.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 0 + 2 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

60

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

20

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Посетеност на наставата и навремено изработени лабораториски вежби.

20.    Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 60 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и лабораториски вежби. Услов за положување на предметот преку парцијални испити е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности (колоквиуми, тестови и лабораториски вежби).
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Услов за положување на предметот преку писмен испит е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности (испит, тестови и лабораториски вежби).
Студентот треба да изработи индивидуална проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до крајот на семестарот.
За време на испитот и тестовите дозволено е користење корисничко упатство, книги, скрипти и компјутер. Комуникација или консултација со други лица за време на испитот е строго забранета

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

23   Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Milan Verle PIC Microcontrollers – Programming in Basic MikroElektronika 2010

2

Dogan Ibrahim Advanced PIC Microcontroller Projects in C: From USB to RTOS with the PIC 18F Series Elsevier 2008

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Tim Wilmshurst Designing Embedded Systems with PIC Microcontrollers – Principles and applications Elsevier 2007