Применети механизми за поддршка на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Применети механизми за поддршка на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

Код: 3ФЕИТ09007

Број на ЕКТС кредити: 4 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 2+0+0+2

Наставник: Проф. д-р Весна Борозан

Цели на предметната програма (компетенции): Познавање на механизмите за поддршка на обновливите извори на енергија (ОИЕ) и енергетската ефикасност (ЕнЕ), нивна примена во ЕУ и Република Македонија и ефективност на примената, како и критичка проценка на погодноста за примена на одделни мерки во зависност од социо-економските услови и посакуваните резултати од примената.

Содржина на предметната програма: 1. Трет пакет за енергетика на ЕУ и политика на Енергетската заедница: Цели – „20-20-20 до 2020“, Директиви за промоција на ОИЕ, Директиви за промоција на ЕнЕ, Обврски на Република Македонија како страна во Договорот за Енергетска заедница, Стратегии и акциони планови за унапредување на ОИЕ и ЕнЕ во Република Македонија. 2. Механизми за поддршка на ОИЕ: Инвестициони субвенции; Даночни олеснувања; (Фиксни) повластени тарифи; Повластена премија; Акционерски програми; Програми за учество; Зелени тарифи; Тендерски систем; Систем за тргување на зелени сертификати; Еколошки даноци; Доброволни договори. 3. Примена и резултати од примената на механизмите за поддршка на ОИЕ: Примена и искуства од примената во ЕУ, Југоисточна Европа и Република Македонија. 4. Механизми за поддршка на ЕнЕ: Еколошки даноци; Даночни олеснувања; Наменски фондови со префрлање на трошоците на крајните потрошувачи преку снабдувачите со енергија; Наменски фондови со префрлање на трошоците на крајните потрошувачи преку пазарот на големо; Инвестициони субвенции; Бели тарифи; Повластени кредити; Систем за тргување на Кјото единици; Фискални стимулации од државниот буџет. 5. Примена и резултати од примената на механизмите за поддршка на ЕнЕ: Примена и искуства од примената во ЕУ, Југоисточна Европа и Република Македонија.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A. Piebalgs„ Europe’s New Energy Policy“Claeys & Casteels, Belgium2009

2

C. W. Jones (Ed.)„EU Energy Law – Volume 1, The Third Internal Energy Market, The Third Liberalisation Package“Claeys & Casteels2010

3

D. Buschle, H. Lesjak (Eds.)„The Energy Community Legal Framework 2017“Energy Community Secretariat2017

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

 Предавања, презентации, студии, извештаи на стручни работни тела, законски и подзаконски акти и други материјали  

2

IEA„Energy Efficiency Governance“OECD/IEA2010

3

CEER“Key support elements of RES in Europe: moving towards market integration”CEER, Brussels2016