Процесирање и анализа на биомедицински сигнали

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Процесирање и анализа на биомедицински сигнали

Код: 3ФЕИТ05022

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Лидија Ололоска-Гагоска

Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните поими за сигналите, користење на техники при процесирање, аквизиција на сигналите и нивна класификација. Запознавање со биомедицинските сигнали, нивното настанување и карактеристики како и со аквизиција и компресија на дигитални био сигнали нивно процесирање. – Оспособеност за дефинирање на основните проблеми сврзани со анализа на биомедицинските сигнали , користење на методи за пресметки, анализирање на добиените резултати и носење соодветни заклучоци.

Содржина на предметната програма: Сигнали, вовед, дефиниции, Користење на техники во процесирањето – Фуриеова трансформација, wavelet трансформација, други методи, Кластирање и класификација на сигналите, Модулација и демодулација Аквизиција на сигналите, Техники за редукција на шум, упросечување по време, спектрална анализа и филтрирање, оптимално филтрирање Биомедицински сигнали, настанување, извори и карактеристики Карактеристики на клетка и ткиво од електричен аспект, Анализа на биосигнали со ниско ниво во присуство на шум, Аквизиција на дигитални биомедицински сигнали и процесирање  Компресија на дигитални биомедицински сигнали  Wavelet анализа кај дигиталните биомедицински сигнали  Карактеристики и анализа на ЕКГ, ЕЕГ и ЕМГ сигнали Други биомедицински сигнали.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J. D. Bronzino, editor Biomedical Engineering Fundamentals CRC Press 2006

2

K. Najarian, R. Splinter Biomedical Signal and Image Processing CRC Press 2006

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J. D. Enderle, S. M. Blanchard, J. D. Bronzino: Introduction to Biomedical Engineering Elsevier Press 3