Процесирање на биомедицински слики

Последна измена: март 30, 2021

Предмет: Процесирање на биомедицински слики

Код: 3ФЕИТ05024

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Лидија Ололоска-Гагоска

Цели на предметната програма (компетенции): По успешното завршување на курсот, студентот ќе биде способен: да ги разбира основите на формирање, аквизиција и претставување на слика во основниот домен и во доменот на трансформацијата,  улогите на семплирањето, квантизацијата, трансформацијата и човековиот систем за вид, да ги разбира основните механизми и модалитети за аквизиција на биомедицински слики, да ги познава особеностите на сликите добиени со различните механизми и модалитети, и да има основно познавање за применливоста на соодветните модалитети во медицинската дијагностика/терапија, практично да владее со основните техники за процесирање на слика (филтрирање, подобрување, реставрација, движење, компресија, сегментација, регистрација) да ја дискутира применливоста на поодделни техники за процесирање на слика за процесирање на биомедицински слики и да избира кои типови на процесирање на слика се соодветни за конкретна биомедицинска примена,  евалуира дали даден систем за процесирање на слика е добар кандидат за конкретен биомедицински информациски систем, да ги следи најновите напредоци во процесирањето на слика и да ги увиди можните примени во биомедицината.

Содржина на предметната програма: Основни концепти на процесирање на слика: Претставување на слика во изворен и во домен на трансформацијата; Дигитализација; Визуелна перцепција; Шум и квалитет; Компоненти на систем за обработка на слика Модалитети за добивање биомедицински слики:  Физика на рентгенските зраци, теорема на проекциони пресеци, рентгенски слики и CAT-слики; Физички и физиолошки принципи на MRI и MR-слики; Физички и физиолошки принципи на ултразвукот и US-слики Основи на морфолошко процесирање на слика: Вовед, Логички операции кај дигитални слики; Дилатација и ерозија; Отворање и затворање Филтрирање, подобрување и реставрација:  Модификација на интензитетот; Процесирање со маски; Процесирање во доменот на просторни фреквенции; Отстранување на шум со вејвлети Движење: Вовед, Квантификација на движење од сликовни секвенци; Примена при мерење на динамички биолошки појави Основи на компресија на слика: Вовед, Компресија без загуби, Компресија со загуби Детекција на рабови и сегментација: Детекција на рабови; Сегментација заснована на праг; Сегментација заснована на региони; Сегментација со морфолошки вододелници; Примена на движењето во сегментацијата Ригидна и неригидна регистрација: Вовед и трансформации; Метрики за упареност; Оптимизација и интерполација; Робусност.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Kayvan Najarian, Robert Splinter Biomedical Signal and Image Processing CRC Press 2006

2

Rafael C. Gonzalez, Richard E. Woods Digital Image Processing Prentice Hall, 3rd ed. 2007