| 1. |
Наслов на наставниот предмет |
Процесирање и анализа на слика |
| 2. |
Код |
4ФЕИТ05031 |
| 3. |
Студиска програма |
10-ДПСМ, 19-МВ |
| 4. |
Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии |
| 5. |
Степен (прв, втор, трет циклус) |
Втор циклус студии |
| 6. |
Академска година/семестар |
I/1 |
7. |
Број на ЕКТС кредити |
6.00 |
| 8. |
Наставник |
Д-р Зоран Ивановски |
| 9. |
Предуслов за запишување на предметот |
|
| 10. |
Цели на предметната програма (компетенции):
По успешното завршување на курсот, студентот ќе биде способен: – да ги разбира формирањето, аквизицијата и претставувањето на слики, и улогите на основните претпроцесирачки техники. – да ги разбира современите методи за процесирањето на слика, подобрувањето на слика, реставрацијата – да ги користи и применува техниките за сегментација на слика, како и техниките за претставување и опишување на облици и текстури – да ги разбира техниките за следење на објекти – да ја разгледува и оценува применливоста на техниките за процесирање и анализа на слика за решавање на различни практични проблеми – да ги следи најновите напредоци во процесирањето и анализа на слика и да ја увиди нивната применливост – да ги определи и опише критериумите за евалуација на системите за процесирање/анализа на слики.
|
| 11. |
Содржина на програмата:
Дигитализирана слика и нејзини својства. Податочни структури за процесирање и анализа на слика; Претпроцесирање на слика: трансформации на луминанцијата; геометриски трансформации: локално претпроцесирање; реставрација. Напредни техники за сегментација: одлучување со праг; детекција на граници. Претставување и опишување на облици: идентификација на региони; претставување и опишување на облици засновано на контури; претставување и опишување на облици засновано на региони; класи на облици. Распознавање на објекти: претставување на знаење; статистичко и синтактичко распознавање на примероци; оптимизациски техники во распознавањето. Математичка морфологија: основни принципи и морфолошки трансформации. Текстура: статистичко опишување на текстура; синтактичко опишување на текстура; хибридни методи за опишување на текстура; методи за распознавање на текстура. Анализа на движење: диференцијални методи за анализа на движење; оптички протек; анализа на движење заснована на точки од интерес.
|
| 12. |
Методи на учење:
Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку проектни задачи. |
| 13. |
Вкупен расположив фонд на време |
180 |
| 14. |
Распределба на расположивото време |
3 + 3 |
| 15. |
Форми на наставните активности |
15.1 |
Предавања – теоретска настава |
45 часови |
| 15.2 |
Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа |
45 часови |
| 16. |
Други форми на активности |
16.1 |
Проектни задачи |
30 часови |
| 16.2 |
Самостојни задачи |
30 часови |
| 16.3 |
Домашно учење |
30 часови |
| 17. |
Начин на оценување |
| 17.1 |
Тестови |
0 бодови |
| 17.2 |
Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) |
50 бодови |
| 17.3. |
Активност и учење |
0 бодови |
| 17.4. |
Завршен испит |
50 бодови |
| 18. |
Критериуми за оценување (бодови/оценка) |
до 50 бода |
5 (пет) (F) |
| од 51 до 60 бода |
6 (шест) (E) |
| од 61 до 70 бода |
7 (седум) (D) |
| од 71 до 80 бода |
8 (осум) (C) |
| од 81 до 90 бода |
9 (девет) (B) |
| од 91 до 100 бода |
10 (десет) (A) |
| 19. |
Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Изработена проектна задача. |
| 20. |
Начин на полагање на испитот |
Студентот треба да изработи проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до полагањето на завршниот испит. Во предвидените испитни сесии се полага завршниот испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од проектната задача и завршниот устен испит.
|
| 21. |
Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски |
| 22. |
Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети. |
| 23. |
Литература |
| 23.1. |
Задолжителна литература |
| Ред.
број |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
| 1. |
Milan Sonka, Vaclav Hlavac, Roger Boyle |
Процесирање на слика, анализа и машински вид |
Springer |
2014 |
| 23.2. |
Дополнителна литература |
| Ред.
број |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
| 1. |
Rafael C. Gonzalez, Richard E. Woods |
Дигитално процесирање на слика |
Pearson Education |
2018 |