Процесирање на природни јазици

Последна измена: јули 18, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Процесирање на природни јазици
2. Код 4ФЕИТ05032
3. Студиска програма 19-МВ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Бранислав Геразов
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на програмата е да им овозможи на студентите да се стекнат со проширени знаења за техниките за процесирање на природни јазици. Истата е дизајнирана да им ги доближи најразличните пристапи и апликации во областа, преку разгледување на најновите достигнувања.

11. Содржина на програмата:

1. Вовед во процесирање на природни јазици 2. Моделирање на јазици 3. Класификација на текст и анализа на расположение 4. Невронски мрежи за процесирање на природни јазици 5. Хипотеза на дистрибуција и кодирање на зборови 6. Означување на зборовни групи 7. Синтакса 8. Парсирање на зависност 9. Семантика 10. Машински превод 11. Генерирање на природни јазици 12. Извлекување информации 13. Генерирање дијалог

12. Методи на учење:

Комбиниран начин на учење: предавања подржани со презентации и визуелизација на концептите и самостојни проектни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 30 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Ислушани предавања.
20. Начин на полагање на испитот Проектна задача и завршен испит.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Анкети, интервјуа, самоевалуација.
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Dan Jurafsky and James H. Martin Speech and Language Processing Pearson Education 2014
2. Yoav Goldberg Neural Network Methods for Natural Language Processing Morgan & Claypool Publishers 2017
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Uday Kamath, John Liu, James Whitaker  Deep Learning for NLP and Speech Recognition  Springer  2019
2.  Ian Goodfellow, Yoshua Bengio and Aaron Courville  Deep Learning  MIT Press  2016
3.  Hobson Lane, Cole Howard, Hannes Hapke  Natural Language Processing in Action: Understanding, analyzing, and generating text with Python  Manning Publications  2019