Проектирање и моделирање на електрични централи и разводни постројки

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Проектирање и моделирање на електрични централи и разводни постројки

Код: 3ФЕИТ04018

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Атанас Илиев

Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување знаења за проектирање на високонапонски електроенергетски објекти: хидроцентрали, термоцентрали и разводни постројки. Оспособеност за користење на современи техники, методи и компјутерски софтвер при проектирањето, како и при моделирање, оптимизација и симулација на процеси во електрични централи и разводни постројки.

Содржина на предметната програма: Современи методи за проектирање на ЕЦ и РП. Фази во процесот на проектирање. Анализа на проектни параметри. Формирање варијанти проектни решенија. Технички и економски критериуми за оценка на варијантите решенија. Примена на технички стандарди во процесот на проектирање.  Пресметка на струи на куси врски и димензионирање на опрема во ЕЦ и РП. Доверливост на шеми на разводни постројки. Проектирање на заземјувачки систем. Случаи за анализа: проект на хидроелектрична централа, проект на разводна постројка. Апликативен софтвер за проектирање и моделирање на ЕЦ и РП. Математички методи и техники за моделирање и визуализација процеси во ЕЦ и РП. Статистички анализи во електроенергетиката.  Моделирање на работа на ЕЦ во сложен ЕЕС. Избор на оптимален број на агрегати во погон кај ХЕЦ. Optimal Power Flow.  Примена на fuzzy логиката и невронските мрежи во електроенергетиката.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Атанас ИлиевОдбрани поглавја од проектирање и моделирање на ЕЦ и РПФЕИТ (скрипта за интерна употреба)2015

2

Ј. Nahman, V. MijailovicVisokonaponska postrojenjaBeoPress Stampa – Beograd2000

3

Nasser D. TleisPower Systems Modelingand Fault AnalysesElsevier Ltd2008

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Избрани трудовиIEEE Transaction on Power Systems & Power DeliveryIEEE Press2017

2

Brian Hahn, Daniel ValentineEssential Matlab for Engineers and ScientistsElsevier Ltd2007

3

Mohamed El-HawaryElectric Power Applications of Fuzzy SystemsIEEE Press2008