Проектирање систем во чип

Последна измена: октомври 25, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Проектирање систем во чип

2.    Код

3ФЕИТ07Л028

3.    Студиска програма

КТИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Аристотел Тентов, Д-р Катерина Ралева

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Компјутерски архитектури, Проектирање во HDL

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со концептите за проектирање на системи во чип: елементи на систем во чип – процесор, меморија, комуникациски патеки. По завршување на курсот студентите ќе бидат оспособени за самостојна работа и почетно прокетирање на системи во чип.

11.    Содржина на програмата: Вовед во проектирање на систем во чип. Архитектура на системот. Компоненти во системот: процесор, меморија и поврзување. Хардвер и софтвер во систем во чип: програмабилност, наспроти перформанси. Пристапи кон дизајнирање на систем во чип. Основни карактеристики на системот во чип: брзина, површина и потрошувачка на енергија. Рамнотежа во изборот на овие параметри при дизајн на процесори. Надежност и конфигурабилност на системот во чип. Избор на процесори за систем во чип. Основни концепти кај процесорските архитектури. Пример на процесори за систем во чип: вектори, VLIW процесори и суперскаларни процесори. Меморија во чип. Бележник и кеш меморија. Кеш меморија во повеќе нивоа.  Мемориски плочки надвор од чип. DRAM меморија. Интеракција помеѓу процесор и меморија. Стандардни магистрали за поврзување системи во чип. Прилагодување на системот во чип. Мапирање на дизајнот во реконфигурабилна логика. Практична примена на системи во чип. Примена во криптографија. Примена на систем во чип за обработка на слика, видео и 3D графика. Други апликации.

12.    Методи на учење: Лабораториски вежби, практична работа и настава

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

20

16.2. Самостојни задачи

35

16.3. Домашно учење

50

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

40

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

W. Wolf Modern VLSI Design: IP-Based Design,  4th Ed. Pearson Education 2009

2

M. J. Flynn, W. Luk Computer System Design: System-on-Chip John Wiley & Sons 2011

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

S. Pasricha, N. Dutt On-Chip Communication Architectures: System on Chip Interconnect Morgan Kaufmann 2008