Проектирање системи со 8-битни микроконтролери

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Проектирање системи со 8-битни микроконтролери

Код: 3ФЕИТ05018

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Љупчо Караџинов

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на обврските предвидени со предметот, студентот се стекнува со познавања на архитектурите на 8-bit-ните микроконтролери, способност за програмирање со асемблерскиот јазик, способност за програмирање во ‘C’ јазик, познавања за користење на вградените периферии, поврзување со надворешни кола со 8-битните микроконтролери, како и проектирање на вградливи микрокомпјутерски системи со 8-битните микроконтролери.

Содржина на предметната програма: Вградливи микрокомпјутерски системи. Споредба на архитектурите на 8-bit-ните микроконтролери. Архитектура на 8-bit-ните микроконтролери од Microchip: фамилии PIC10/12/16 и PIC18. RISC инструкциски сет на 8-bit-ните микроконтролери од фамилијата PICmicro. Вградливи периферии и поврзување со надворешни уреди. Програмирање на микроконтролери во асембелрски јазик. Апсолутно и релативно лоциран код. Директиви на развојната околина MPLAB. Програмирање на микроконтролери во ‘C’ јазик и развојни околини (HI-TECH C, microC и microProg). Библиотеки со готови функции во ‘C’ јазик. Дебагирање. Студии на конкретни примени (case studies). Развојни стратегии при проектирање микроконтролерски систем. Изработка на проект со микроконтролер.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Myke Predko Programming and Customizing PICmicro Microcontrollers, 3-rd Ed. McGraw-Hill,  New York 2008

2

Tim Wilmshurst Designing Embedded Systems with PIC Microcontrollers, Principles and Applications Elsevier,  Amsterdam 2007

3

Julio Sanchez, Maria P. Canton Microcontroller Programing: The Microchip PIC CRC Press,  Boca Raton, FL 25007

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Lucio di Jasio PIC Microcontrollers Elsevier, Amsterdam 2007

2

I. Scott MacKenzie, Raphael C.-W. Phan The 8051 Microcontroller Pearson, Upper saddle River, NJ 2007

3

Martin P. Bates Programming 8-bit PIC Microcontrollers in C: with Interactive Hardware Simulation Newnes 2008