Проектирање на прекинувачки извори за напојување

Објавено: март 13, 2019

Предмет: Проектирање на прекинувачки извори за напојување

Код: 3ФЕИТ05017

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Љупчо Караџинов

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, студентот се стекнува со: познавања за проектните барања и ограничувања кај практичните прекинувачки извори за напојување, за интегрираните кола за PWM управување, нивна селекција за дадена апликација, за програмски пакети за проектирање на прекинувачки извори за напојување и нивна употреба, а се оспособува за проектирање и изработка на прекинувачки извори за напојување и за решавање практични проблеми.

Содржина на предметната програма: Заеднички проектни ограничувања и параметри за импулсните извори за напојување. Заштита од пренапони во напојната мрежа. Методи за меко стартување и импулсно стартување. Заштита од превисоки и прениски напони за напојување. Заштита од преоптоварување. Влезни и излезни филтри. Кола за сигнализација на дефект. Намалување на стресовите на полупроводничките прекинувачки елементи. Селекција на енергетските компоненти. Посебни ограничувања при изработката на печатената плочка. Извори со повеќе излези. Кола за помошно напојување (на неенергетските кола). Само–осцилирачки извори за напојување. Извори за константна струја. Карактеристики на on-board извори за напојување. Стабилност и компензација на управувачкото коло. Примена на струјно управување. Интегрирани кола со специјална наменета (ASIC) за прекинувачки извори за напојување. Програмски пакети за проектирање на импулсни извори за напојување. Проектирање со програмскиот пакет PIExpert. Дигитално управување на енергетски електронски системи: аспекти на управувањето, споредба на дигитално и аналогно управување. Избор на компоненти и проектирање на дигиталните контролери: наменски интегрирани кола, микроконтролер, FPGA и PLD компоненти. Примери.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1A. I. Pressman and K. BillingsSwitching Power Supply Design, 3-rd Ed.McGraw-Hill,  New York2008
2Ron LenkPractical Design of Power SuppliesWiley-IEEE Press, New York2005
3H. W. Whittington, B. W. Flynn and D. E. MacphersonSwitched Mode Power Supplies–Design and Costruction, 2-nd EditionResearch Studies Press Ltd., Tauton, Somerset, England1997
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1F. L. Luo, H. Ye and M.RashidDigital Power Electronics and ApplicationsElsevier Academic Press, San Diego2006
2K. BilingsSwitchmode Power Supply Handbook, 2-nd Ed.McGraw-Hill, New York1999
3Ralph E. TarterSolid-State Power Conversion HandbookJohn Wiley & Sons, New York1993