Проектирање согласно со стандардите – PFC & EMC

Објавено: март 13, 2019

Предмет: Проектирање согласно со стандардите – PFC & EMC

Код: 3ФЕИТ05021

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Гоце Стефанов, Доц. д-р Томислав Карталов

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, студентот се стекнува со сознанија за можните извори на електромагнетни пречки кај уредите на енергетската електроника, за ефектите од електромагнетните влијанија во енергетската електроника, како и за методите на нивното намалување или отстранување во практиката.

Содржина на предметната програма: Аспекти на електромагнетните влијанија во енергетската електроника. Услови, препораки и стандарди. Основни принципи на електромагнетната интерференција. Неидеално однесување на компонентите (проводници, печатени плочки, отпорници, кондензатори, индуктивни елементи, трансформатори, ферити, механички прекинувачи, полупроводнички прекинувачки елементи). Извори на чист шум (термички шум, шум на сачма, контактен шум, фреквенциски опсег на шумот). Генерирање на интерферентен шум. Еквивалентни модели. Пренесување на шум и интерферентни пречки. Заземјување. Оклопување. Електромагнетна интерференција кај уредите од енергетската електроника (насочувачи, инвертори, прекинувачки извори за напојување – SMPS, преобразувачи со PWM); извори на пречки, методи на мерење, техники за редуцирање на внатрешни електромагнетни интерференции, ЕМИ филтри. Тестирање на отпорноста на пречки од мрежата за напојување.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1J. A. CobosDesign for Compliance with Standards – PFC & EMCинтерна скрипта ФЕИТ, Скопје2000
2Laszlo TihanyiElectromagnetic Compatibility in Power ElectronicsIEEE Press,  New York1995
3Derek A. PaicePower Electronic Converter HarmonicsIEEE Press,  New York1995
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Clayton R. PaulIntroduction to Electromagnetic Compatibility, 2-nd Ed.John Wiley & Sons2006
2Ralph MorrisonGrounding and Shielding Techniques and Instrumentation, 4-th Ed.John Wiley & Sons1998
3Richard Lee Ozenbaugh, Timothy M. PullenEMI Filter Design, 3-rd Ed.CRC Press, 20112011