1. Наслов на наставниот предмет | Проектирање и интегрирање на ОИЕ во ЕЕС | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ04З019 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕПМ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Димитар Димитров | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Разводни постројки Ислушани: Обновливи извори на електрична енергија |
|||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Оспособеност за учество во изработка на проектна документација за системи што користат ОИЕ. Запознавање со начините за обезбедување на финансирање на ОИЕ. Стекнување на познавања за дисперзираното производство на електрична енергија и влијанието на ОИЕ врз ЕЕС. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Анализа на исплатливост за градба на ОИЕ. Мерки за поддршка на ОИЕ. Постапка за стекнување на статус на повластен производител. Проектни параметри на мали ХЕЦ. Проектни параметри на ВЕЦ. Проектни параметри на ФВЕЦ. Проектирање на уреди за складирање на енергија. Параметри на квалитет на произведената електрична енергија од ОИЕ. Шеми за приклучување на ОИЕ во ЕЕС (мали ХЕЦ, ветерни електрични централи, фотоволтаични ЕЦ). Влијание на ОИЕ на нивото на струите на куси врски и опремата во приклучните разводни постројки. Распределба на моќности во мрежи со дисперзирано производство. Определување на приемен капацитет. Изолирана и паралелна работа со ЕЕС на ОИЕ. Регулација на активната моќност и фреквенција кај ОИЕ. Варијација на моќноста кај поодделни типови ОИЕ. Регулација на напон и реактивна моќност кај ОИЕ. Влијание врз заштитните уреди во мрежите. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања со презентации, интерактивни предавања, аудиториски, лабораториски и симулациони вежби, изработка на домашни работи и проектни задача. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 45 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 30 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 40 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и изработка на домашни проектни задачи. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот e предвиден парцијален писмени испит во времетраење од 120 минути или писмен испит во времетраење од 120 минути. | |||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | L. Freris, D. Infield | Renewable Energy in Power Systems | John Wiley & Sons Ltd. | 2008 | ||||
2 | M. H. Bollen, F. Hassan | Integration of Distributed Generation in the Power System | John Wiley & Sons Ltd. | 2011 | ||||
3 | Б. К. Хоџ | Алтернативни енергетски системи и примени | Арс ЛАМИНА | 2013 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Gavin D. J. Harper | Planning and Installing Micro Hydro Systems | DGS/Berlin | 2012 | ||||
2 | DGS/Berlin | Planning and Installing Photovoltaic Systems | DGS/Berlin | NULL | ||||
3 | J.F.Manwell | Wind Energy Explained: Theory, Design and Application | John Wiley & Sons Ltd. | 2009 |