Проектирање на прекинувачки извори за напојување

Последна измена: јули 18, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Проектирање на прекинувачки извори за напојување
2. Код 4ФЕИТ05025
3. Студиска програма 18-ЕНЕЛ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Љупчо Караџинов
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Со успешно положување на овој предмет, студентот се стекнува со: познавања за проектните барања и ограничувања кај практичните прекинувачки извори за напојување, за интегрираните кола за PWM управување, нивна селекција за дадена апликација, за програмски пакети за проектирање на прекинувачки извори за напојување и нивна употреба, а се оспособува за проектирање и изработка на прекинувачки извори за напојување и за решавање практични проблеми.

11.

Содржина на програмата:

Заеднички проектни ограничувања и параметри за импулсните извори за напојување. Заштита од пренапони во напојната мрежа. Методи за меко стартување и импулсно стартување. Заштита од превисоки и прениски напони за напојување. Заштита од преоптоварување. Влезни и излезни филтри. Кола за сигнализација на дефект. Намалување на стресовите на полупроводничките прекинувачки елементи. Селекција на енергетските компоненти. Посебни ограничувања при изработката на печатената плочка. Извори со повеќе излези. Кола за помошно напојување (на неенергетските кола). Само–осцилирачки извори за напојување. Извори за константна струја. Карактеристики на on-board извори за напојување. Стабилност и компензација на управувачкото коло. Примена на струјно управување. Интегрирани кола со специјална наменета (ASIC) за прекинувачки извори за напојување. Програмски пакети за проектирање на импулсни извори за напојување. Проектирање со програмскиот пакет PIExpert. Дигитално управување на енергетски електронски системи: аспекти на управувањето, споредба на дигитално и аналогно управување. Избор на компоненти и проектирање на дигиталните контролери: наменски интегрирани кола, микроконтролер, FPGA и PLD компоненти. Примери.

12. Методи на учење:

Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот Семинарска работа и устен испит
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.    Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. A. I. Pressman and K. Billings Switching Power Supply Design, 3-rd Ed. McGraw-Hill,  New York 2008
2. Ron Lenk Practical Design of Power Supplies Wiley-IEEE Press 2005
3. H. W. Whittington, B. W. Flynn and D. E. Macpherson Switched Mode Power Supplies–Design and Costruction, 2-nd Edition Research Studies Press, Tauton, UK 1997
23.2.    Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. F. L. Luo, H. Ye and M.Rashid  Digital Power Electronics and Applications  Elsevier Academic Press, San Diego  2006
2.  K. Bilings  Switchmode Power Supply Handbook, 2-nd Ed.  McGraw-Hill, New York  1999
3.  Ralph E. Tarter  Solid-State Power Conversion Handbook  John Wiley & Sons, New York  1993