Проектна анализа

Објавено: септември 4, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Проектна анализа
2. Код 4ФЕИТ04014
3. Студиска програма 5-ПМ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Атанас Илиев
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Стекнување знаење за методи и техники за анализа на проектите од аспект на исполнување на основните параметри и барања. Оспособеност за планирање и анализа на проектните активности во фазите на иницијализација, планирање, извршување и затворање на проектот. Оспособеност за користење на современи компјутерски алатки за бизнис анализа и следење на проектите

11. Содржина на програмата:

Основи, цел и задача на проектната анализа. Еколошки и етички аспекти на проектите. Методолошки основи на проектната анализа. Апликативен софтвер за проектна анализа. Планирање на проектите. SWOT и Парето анализа. Анализа на основните проектни параметри. Анализа на времето на извршување на проектот и проектните активности (CPM, PERT, PDM). Економски и финансиски анализи на проектите.. Методи за анализа на исплатливоста на проектот како инвестиција (Pay Back Period, NPV, BCR, IRR). Анализа на реаилна опција. Независни и взаемно условени проекти. Вклучување на неизвесноста во анализа на проектите. Следење и контрола на временските и финансиските планови на проектите. Анализа и (пре)распределба на ресурси. Анализа на бизнис сценарија. Методи за предвидување и проценка на проектните резултати. Методи за евалуација и селекција на проектите. Постпроектна анализа и учење од проектите. Практични случаи за анализа.

12. Методи на учење:

Настава поддржанa со презентации, интерактивни предавања, анализа на реални проекти. Самостојно истражување и изработка на домашни задачи и семинарски работи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 20 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 40 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 30 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработка на домашните и проектните задачи
20. Начин на полагање на испитот

Завршен писмен и/или усен испит на целиот наставен материјал од предметот (времетраење 2 часа) и презентација на семинарската работа. Во текот на семестарот може да се полагаат тестови. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти или белешки од било кој вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Harold Kerzner Project management – A system approach for Planing, Schedulling and Controlling 13th Edition John Wiley&Sons, Inc 2022
2. Chan S. Park Fundamentals of Engineering Economics Pearson Int. Edition 2012
3. Атанас Илиев Одбрани поглавја од Проектна анализа ФЕИТ – Скопје 2021
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  ohn A. White, Kellie S. Grasman, Kenneth E. Case, Kim LaScola Needy, David B. Pratt  Fundamentals of Engineering Economic Analysis  John Wiley& Sons, Inc.  2020
2.  John Goodpasture  Quantitative Methods in Project Management  J. Ross Publishing  2004
3.   Избрани трудови  IEEE Transaction on Engineering Management & Engineering Management Review   IEEE Press  2022