Проектна анализа

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Проектна анализа

Код: 3ФЕИТ04019

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Атанас Илиев

Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување знаење за методи и техники за анализа на проектите од аспект на нивните основни параметри. Оспособеност за анализа на проектните активности во фазата на иницијализација, планирање, извршување и затворање на проектот. Оспособеност за користење на современи компјутерски алатки за бизнис анализа и следење на проектите.

Содржина на предметната програма: Основи, цел и задача на проектната анализа. Еколошки и етички аспекти на проектите. Методолошки основи на проектната анализа. Апликативен софтвер за проектна анализа. Планирање на проектите. Анализа на основните проектни параметри на проектот. Анализа на времето на извршување на проектот и проектните активности (CPM, PERT, PDM). Економски и финансиски анализи на проектите. Временска вредност на парите. Методи за анализа на исплатливоста на проектот како инвестиција (Pay Back Period, NPV, BCR, IRR). Независни и взаемно условени проекти. Вклучување на неизвесноста во анализа на проектите. Следење и контрола на временските и финансиските планови на проектите. Анализа и (пре)распределба на ресурси. Анализа на бизнис сценарија. Методи за предвидување и проценка на проектните резултати. Методи за евалуација и селекција на проектите. Постпроектна анализа и учење од проектите. Практични случаи за анализа.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

John GoodpastureQuantitative Methods in Project ManagementJ. Ross Publishing2004

2

Harold KerznerProject management – A system approach for Planing, Schedulling and ControllingJohn Wiley& Sons, Inc.2009

3

Chan S. ParkFundamentals of Engineering EconomicsPearson Int. Edition2009