Предмет: Програмабилна инструментација
Код: 3ФЕИТ03012
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови:3+0+0+1
Наставник: Вон. проф. д-р Живко Коколански
Цели на предметната програма (компетенции): Применливи знаења потребни за проектирање на софистицирана мерна инструментација, нејзино оптимизирање, тестирање и правилно користење.
Содржина на предметната програма: Вовед во технологиите за развој на програмабилна инструментација: системи на чип (SoC), микропроцесори, полунаменски и наменски интегрирани кола. Податочни конвертори: аналогно-дигитанлна (AD) и дигитално-аналогна (DA) конверзија, тестирање на AD и DA конвертори, временско-дигитална конверзија. Електронски бројачи. Логички анализатори. Дигитални осцилоскопи. Системи за анализа на спектар. Дигитални сензорски инструменти. Конвенционални генератори и генератори на случајни сигнали. Хардверски системи за тестирање на дигитални инструменти. Тестирања базирани на дигитални процесори за обработка на сигнали (DSP). Тестирање на аналогни и дигитални канали. Податочни анализи. Инструментациски интерфејси и VLSI тестирање. Интерфејси за автоматизирани мерења. Програмабилни мерни системи. Проектирање дигитални мерни системи и нивна практична имплементација. Работа во реално време. Тестирање во фаза на развој на микрокомпјутерски инструменти.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Nihal Kularatna | Digital and Analogue Instrumentation – testing and measurement | Institution of Engineering and Technology | 2008 |
2 | Dominique Planco | Fundamentals of Instrumentation and Measurements | Antony Rowe Ltd. | 2007 |
3 | Patrick H. Garrett | Multisensor Instrumentation – Six Sigma Design | John Wiley & Sons | 2002 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Robert A. White | Electronic Test Instruments – Analog and Digital Measurements | Prentice Hall | 2002 |
2 | M. Burns, G. Roberts | An Introduction to Mixed-Signal IC Test and Measurement | Oxford University Press | 2001 |
3 | James A. Blackburn | Modern Instrumentation for Scientists and Engineers | Springer | 2001 |