Програмирање со VxWorks RTOS

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Програмирање со VxWorks RTOS

Код: 3ФЕИТ05015

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Љупчо Караџинов

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на обврските предвидени со предметот, студентот се стекнува со разбирање на системите за работа во реално време и соодветните оперативни системи, познавање на техниките за проектирање и имплементација ма системите за работа во реално време (RTOS), способност за работа со VxWorks RTOS и неговите наредби, вештина за програмирање на вградлив систем за работа во реално време со I/O уреди, нивните драјвери, и оперативен систем во реално време.

Содржина на предметната програма: Вовед за RTOS. Мултитаскинг и распоредување. Комуникација меѓу процеси и семафори. Мултитаскинг во реално време и распоредување со VxWorks. Комуникација на внатрешни рутини со VxWorks. Tornado IDE. Shell, Browser, Debugger & Wind View. VxWorks Boot Image. Прекини, справување на исклучоци и тајмери. Менаџирање на I/O. Драјвери за уреди. Управување со меморијата. Студии на конкретни примени (case studies).

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Christof WehnerTornado and VxWorksBoD2006

2

Sam SiewertReal-Time Embedded Components and SystemsCharles River Media, Boston, MA2006

3

David E. SimonEmbedded Software PrimerPearson1999

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Wind River SystemsVxWorks Programmer’s GuideWind River Systems, Inc., Alameda, CA1998

2

Wind River SystemsVxWorks Reference ManualWind River Systems, Inc., Alameda, CA1999

3

Raj KamalEmbedded Systems Architecture Programming and DesignMcGraw Hill2006