Програмирање и алгоритми

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Програмирање и алгоритми
2. Код 4ФЕИТ07З019
3. Студиска програма ЕАОИЕ,ЕЕПМ,ЕЕС,КТИ,КСИАР,КХИЕ,ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар I/1 7. Број на ЕКТС 7
8. Наставник Д-р Горан Јакимовски, Д-р Томислав Шуминоски, Д-р Христијан Ѓорески, Д-р Славче Пејоски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основите на програмирање. Концепти на програмирање и програмски алгоритми. По завршување студентот ќе може да пишува едноставни и сложени програми во C програмскиот јазик.
– Ќе може да моделира софтверски барања и да ги имплементира во C програмски јазик
– Детално разбирање на променливи, гранење на код и циклично извршување на код
– Разбирање на работа со низи и матрици, програмирање на променливи со повеќе димензии
– Програмирање на рекурзивни функции и програми кои работат со текстуални датотеки
11. Содржина на програмата: Вовед во компјутерски системи, компоненти и организација: процесор, регистри, меморија. Програмирање. Програмски јазици. Синтакса и семантика. Структура на програма во Ц. Податочни типови. Константи. Променливи и видови променливи. Оператори. Релациски и логички операции. Изрази. Основни-влезно излезни изрази. Наредби за контрола на извршување на програмата: наредби за гранење (if- else, switch), наредби за повторување (for, while). Функции. Рекурзивни функции. Сложени програмски структури. Низи. Покажувачи и операции со покажувачи. Повеќеиндексни низи – матрици. Концепти на пребарување низ сложени податочни структури. Начини на подредување. Текстуални низи. Аргументи во main() функцијата. Концепт на датотеки и FILE Структура.
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 2 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 60
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 45
16.3. Домашно учење 60
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 80
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Во рамки на семестарот предвидени се два колоквиуми (или еден испит) и два тестови. Полагањето на испитот се состои од положување на колоквиумите или испитот, каде студентите добиваат кратки задачи кои треба да ги имплементираат во софверски решенија во C програмски јазик. Тестовите се прават најчесто пред двата колоквиуми и се состојат од кратки прашања поврзани со предметот. Колоквиумите/испитот влијаат со 80% од оцената, додека пак тестовите влијаат со 12% од оцената. Останатите 8% од оцената се поените од лабораторски вежби.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евелуација и анкета
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 K. Loudon Mastering Algorithms with C O’Reilly 1999
2 Kochan C. Programming in ANSI C SAMS Publishing 2005
3 Б. Керниган, Д. Ричи Програмски јазик С Превод влада 1998
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Thomas H. Cormen, et. al. Introduction to Algorithms, (2nd Edition) MIT PRESS 2001