Работа и управување на ЕЕС

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Работа и управување на ЕЕС

Код: 3ФЕИТ09008

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Александра Крколева Матеска

Цели на предметната програма (компетенции): Познавање на структурата на современите системи за управување со ЕЕС. Оспособеност за решавање на проблеми поврзани со работата и управувањето на ЕЕС, вклучувајќи ги проблемите на оптимално определување на моќости, естимација на состојби и проблематиката на дистрибуирани алгоритми во ЕЕС.

Содржина на предметната програма: 1. Моделирање на електричните централи. Проблем на економски диспечинг. Преглед на методите за решавање на проблемот на економски диспечинг. Влијание врз преносната мрежа. Преглед на методите за пресметка на текови на моќности и напони во ЕЕС. Проблем на оптимална пресметка на текови на моќности. Преглед на методите за решавање на проблемот на оптимално определување на моќности и напони (градиентен метод, њутнов метод, метод на линеарно програмирање). Примена на методите за решавање на проблемот на оптимално определување на моќности и напони. 2. Проблем на проценка на состојби во ЕЕС. Методи за решавање на проблемот на проценка (естимација) на состојби. Проценка на состојби со методот на најмали квадрати. Примена на методите за решавање на проблемот на естимација на состојби преку примери. 3. Структура и карактеристики на современите системи за управување на електроенергетскиот систем (ЕМС).  4. Информациски системи во ЕЕС. Хиерархиски нивоа на управување во ЕЕС. Вовед во проблематиката на паралелно и дистрибуирано процесирање во ЕЕС. Проблем на дистрибуирано пресметување на текови на моќности и естимација на состојби во ЕЕС. Дистрибуиран пристап во контрола на напони и рекативни моќности.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Allen J. Wood, Bruce F. WollenbergPower Generation, Operation and Control,  Second EditionJohn Wiley and Sons, Ltd1996

2

Mohammad Shahidehpour, Yaoyu WangCommunication and Control in Electric Power SystemsIEEE Press, John Wiley and Sons, Ltd2003

3

Prabha KundurPower System Stability and ControlMcGraw-Hill Inc1994

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

James A. MomohElectric Power System Applications of OptimizationMarcel Dekker2004

2

Ali Abur, Antonio G. ExpositoPower System State EstimationMarcel Dekker2004

3

Драгослав А. Рајичиќ, Рубин Ж. ТалескиМетоди за анализа на ЕЕСУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“, ЕТФ1996