Работа и управување на електроенергетски системи

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Работа и управување на електроенергетски системи
2. Код 4ФЕИТ09011
3. Студиска програма 3-ЕЕС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Александра Крколева Матеска, Д-р Петар Крстевски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Познавање на структурата на современите системи за управување со ЕЕС. Оспособеност за решавање на проблеми поврзани со работата и управувањето на ЕЕС, вклучувајќи ги проблемите на пресметка на оптимални текови на моќности, проценка на состојби и регулација на фреквенција и напон во ЕЕС.

11. Содржина на програмата:

1. Проблем на економски диспечинг во услови на пазарно стопанисување со електрична енергија.  Проблем на пресметка на оптимални текови на моќности.  2. Работа на интерконектирани ЕЕС. Пресметка на прекугранични преносни капацитети. Управување со загушувања. Сигурност на системот. Анализа на испади и фактори на распределба на моќности при испади. Работа на ЕЕС во услови на недоволни производно-преносни капацитети. Регионален пристап во оперативно планирање и управување на ЕЕС. 3. Проблем на проценка на состојби во ЕЕС. Методи за решавање на проблемот на проценка (естимација) на состојби. Обсервабилност.  4. Структура и карактеристики на современите системи за управување на ЕЕС. Информациски системи во ЕЕС. Хиерархиски нивоа на управување во ЕЕС.  5. Регулација на напон и фреквенција во ЕЕС. Критериуми и технички стандарди за регулација на фреквенција и напон. Начин на набавување и активација на резервите.

12. Методи на учење:

Предавања со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни и самостојни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 70 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 20 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит

Завршени домашни задачи

20. Начин на полагање на испитот

Предметот се полага со подготовка на самостојни задачи и нивна презентација. По завршување на предвидените задачи по предметот, како завршен испит се подготвува усмена презентација за предметот во траење од 30 минути.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. A. J. Conejo, L. Baringo Power System Operations Springer International Publishing AG 2017
2. A. J. Wood, B. F. Wollenberg Power Generation, Operation and Control John Wiley and Sons, Ltd 1996
3. M. Shahidehpour, Y. Wang Communication and Control in Electric Power Systems IEEE Press, John Wiley and Sons, Ltd 2003
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  A. Abur, A. G. Exposito  Power System State Estimation  Marcel Dekker  2004
2.  P. Kundur  Power System Stability and Control  McGraw-Hill Inc  1994
3.  Д. Рајичиќ, Р. Талески  Методи за анализа на ЕЕС  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, ЕТФ  1996