1. Наслов на наставниот предмет | Радиотехника и микробранова електроника | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ05З031 | |||||||
3. Студиска програма | КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Зоран Ивановски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | ||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање сo основните услови што ги бара едно РФ коло; запознавање со основните концепти на микробрановите и РФ системи; развивање на способноста за проектирање и имплементација на овие кола. Оспособување за користење на микробрановите и радиофреквенциските електронски кола при моделирање и решавање на конкретни проблеми во инженерството. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Резонантни кола:- дефиниции, трансформација на импеданции, спрегнати резонантни кола. Филтри: видови филтри (нископропусни, високопропусни, појасни, непропусници на појас), ефект на конечен Q-фактор. Водови во фреквенциски домен. Смитов дијаграм и негова примена. Резонатори. Транзистор на радиофреквенции (еквивалентно коло, Y-параметри, Ѕ-параметри). РФ засилувачи на мал сигнал (поларизација, анализа со Ѕ-параметри, анализа со Y-параметри). РФ засилувачи на моќност. Изобличувања, шумови. Конструкција на радиопредавателни системи, блок дијаграми. Умножувачи на фреквенција и основни модулациски кола. Реализација на засилувач на моќност во класа “C”,“D” и “E”. VF-засилувачи со голема моќност, дигитални модулациски техники за големи моќности. Конструкција на радиоприемни системи: влезен степен, меѓуфреквенциски засилувач, коло за промена на фреквенцијата. Oсцилатори, класични и кварцно стабилизирани. PLL-кола, конструкција и перформанси. Демодулациски степен и коло за Автоматска Регулација на Засилување. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), самостојно решавање домашни задачи, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 15 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 15 | |||||||
16.3. Домашно учење | 75 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 5 | |||||||
17.4. Завршен испит | 55 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Успешно реализирани лабораториски вежби/проектна задача | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и тест од лабораториски вежби (по завршување на секоја од вежбите). Се оценува и активноста на часовите, а студентот треба да изработи и проектна задача и истата да ја предаде најдоцна пред полагање на писмениот испит. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите од лабораториските вежби, активноста на часовите и проектната задача. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите од лабораториските вежби, активноста на часовите и проектната задача. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Razavi | RF Microelectronics | Prentice Hall | 2011 | ||||
2 | C. Bowick | RF Circuit Design | Newnes | 2007 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | R. Ludwig | RF Circuit Design: Theory and Application | Prentice Hall | 2000 |