Радиотехника и микробранова електроника

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Радиотехника и микробранова електроника
2. Код 4ФЕИТ05З031
3. Студиска програма КХИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/7 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Зоран Ивановски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање сo основните услови што ги бара едно РФ коло; запознавање со основните концепти на микробрановите и РФ системи; развивање на способноста за проектирање и имплементација на овие кола. Оспособување за користење на микробрановите и радиофреквенциските електронски кола при моделирање и решавање на конкретни проблеми во инженерството.
11. Содржина на програмата: Резонантни кола:- дефиниции, трансформација на импеданции, спрегнати резонантни кола. Филтри: видови филтри (нископропусни, високопропусни, појасни, непропусници на појас), ефект на конечен Q-фактор. Водови во фреквенциски домен. Смитов дијаграм и негова примена. Резонатори. Транзистор на радиофреквенции (еквивалентно коло, Y-параметри, Ѕ-параметри). РФ засилувачи на мал сигнал (поларизација, анализа со Ѕ-параметри, анализа со Y-параметри). РФ засилувачи на моќност. Изобличувања, шумови. Конструкција на радиопредавателни системи, блок дијаграми. Умножувачи на фреквенција и основни модулациски кола. Реализација на засилувач на моќност во класа “C”,“D” и “E”. VF-засилувачи со голема моќност, дигитални модулациски техники за големи моќности. Конструкција на радиоприемни системи: влезен степен, меѓуфреквенциски засилувач, коло за промена на фреквенцијата. Oсцилатори, класични и кварцно стабилизирани. PLL-кола, конструкција и перформанси. Демодулациски степен и коло за Автоматска Регулација на Засилување.
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), самостојно решавање домашни задачи, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 15
16.2. Самостојни задачи 15
16.3. Домашно учење 75
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 5
17.4. Завршен испит 55
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Успешно реализирани лабораториски вежби/проектна задача
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и тест од лабораториски вежби (по завршување на секоја од вежбите). Се оценува и активноста на часовите, а студентот треба да изработи и проектна задача и истата да ја предаде најдоцна пред полагање на писмениот испит.
Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите од лабораториските вежби, активноста на часовите и проектната задача.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите од лабораториските вежби, активноста на часовите и проектната задача.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Razavi RF Microelectronics Prentice Hall 2011
2 C. Bowick RF Circuit Design Newnes 2007
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 R. Ludwig RF Circuit Design: Theory and Application Prentice Hall 2000