Развој на интелигентни електроенергетски мрежи

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Развој на интелигентни електроенергетски мрежи

Код: 3ФЕИТ09009

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:

Наставник: Доц. д-р Александра Крколева Матеска

Цели на предметната програма (компетенции): Унапредување на знаењата за интелигентни електроенергетски мрежи. Способност да се анализираат проблемите поврзани со работата и управувањето на преносните и дистрибутивните мрежи применувајќи ги новите технологии и концепти карактеристични за интелигентните мрежи.

Содржина на предметната програма: 1. Технолошка архитектура за развој на интелигентни мрежи (ИМ) и клучни технологии за развој. Трансформација на современите електренергетски мрежи во ИМ – потребни чекори од аспект на регулаторна рамка, стандарди, технологии и трошоци. 2. Структура на ИМ. Значење на интероперабилноста и стандардите за развојот на ИМ. Технички системи за управување – интелигентни системи за мерење, системи за следење и прибирање податоци, системи за управување на ИМ.   3. Работа и управување на ИМ. Формулација и решение на прблемот на распределба на моќности, регулација на напони и анализа на испади во ИМ. Улога на дисперзираното производство и на складирањето на електричната енергија врз ИМ – потреба од нови алгоритми за управување на ИМ. Улога на потрошувачите и програми за управување со оптоварувањето во рамките на ИМ. 4. Влијание и механизми на заштита на околината во развојот на ИМ. Технолошки платформи на интелигентни мрежи – искуства и нови сознанија.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J. MomohSmart Grid – Fundamentals of Design and AnalysisIEEE Press2012

2

Clark W. GellingsThe Smart Grid: Enabling Energy Efficiency and Demand ResponseCRC Press2009

3

S. F. BushSmart Grid: Communication – Enabled Intelligence for the Electric Power GridWiley – IEEE2014

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

S.P.Chowdhury,  P.CrossleyMicrogrids and Active Distribution NetworksInstitution of Engineering and Technology2009

2

Mini S. Thomas, J. D. McDonaldPower System SCADA and Smart GridsCRC Press2015