1. | Наслов на наставниот предмет | Развој на интелигентни мрежи | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ09012 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 3-ЕЕС | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Александра Крколева Матеска | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Унапредување на знаењата за интелигентни електроенергетски мрежи. Способност да се анализираат проблемите поврзани со работата и управувањето на преносните и дистрибутивните мрежи применувајќи ги новите технологии и концепти карактеристични за интелигентните мрежи. |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
1. Технолошка архитектура за развој на интелигентни мрежи (ИМ) и клучни технологии за развој. Трансформација на современите електроенергетски мрежи во ИМ – потребни чекори од аспект на регулаторна рамка, стандарди, технологии и трошоци. 2. Структура на ИМ и клучни технологии. Значење на интероперабилноста и стандардите за развојот на ИМ. Технички системи за управување – интелигентни системи за мерење, системи за следење и прибирање податоци, системи за управување на ИМ. 3. Работа и управување на ИМ. Формулација и решение на проблемот на распределба на моќности, регулација на напони и анализа на испади во ИМ. Улога на дисперзираното производство и на складирањето на електричната енергија врз ИМ – потреба од нови алгоритми за управување на ИМ. Улога на потрошувачите и програми за управување со оптоварувањето во рамките на ИМ. 4. Влијание и механизми на заштита на околината во развојот на ИМ. Технолошки платформи на интелигентни мрежи – искуства и нови сознанија. 5. Концепт на микромрежа како реализација на ИМ. Принципи на работа и управување на микромрежи. |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни и самостојни задачи. |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 0 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 70 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 10 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 20 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Завршени зададени домашни задачи. | |||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот |
Предметот се полага со подготовка на самостојни задачи и нивна презентација. По завршување на предвидените задачи по предметот, како завршен испит се подготвува усмена презентација за предметот во траење од 30 минути. |
|||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | J. Momoh | Smart Grid – Fundamentals of Design and Analysis | IEEE Press | 2012 | |||||||||
2. | S. F. Bush | Smart Grid: Communication – Enabled Intelligence for the Electric Power Grid | Wiley – IEEE | 2014 | |||||||||
3. | Clark W. Gellings | The Smart Grid: Enabling Energy Efficiency and Demand Response | CRC Press | 2009 | |||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | M. Bollen | Smart Grids | Morgan & Claypool | 2011 | |||||||||
2. | M. S. Thomas, J. D. McDonald | Power System SCADA and Smart Grids | CRC Press | 2015 | |||||||||
3. | S. Chowdhury, S.P. Chowdhury, P. Crossley | Microgrids and Active Distribution Networks | The Institution of Engineering and Technology | 2009 |