1. Наслов на наставниот предмет | Развој на сервиси и апликации во телекомуникациите | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ10З024 | |||||||
3. Студиска програма | ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/5 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Марко Порјазоски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Ислушан: Интернет технологии | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со различни методи и алатки за развој на апликации и сервиси за различни телекомуникациски платформи. Разбирање на мрежните услуги што им се обезбедуваат на апликациите. Разбирање на врската на мрежните апликации со TCP и UDP. Оспособени за дизајнот и имплементацијата на мрежните апликации и протоколи на ниво на апликација базирани на моделот клиент-сервер. Студентите ќе бидат способни за дизајн, развој, дебагирање и тестирање на мрежни апликации и протоколи на ниво на апликација користејќи стандарден интерфејс на апликативна програма; и подобрување на робусноста и перформансите на мрежните апликации со оптимизирање на протоколите на ниво на апликација и структурата на кодот. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Архитектура на телекомуникациските сервиси: клиент/сервер пристап, peer-to-peer пристап, мултикаст сервиси, модел објава/претплата. XML, JSON формати. Бази на податоци кои се користат во телекомуникациските услуги. Програмска околина за развој на телекомуникациски сервиси и апликации (NetBeens). RestFULL Web сервиси (GET, PUT, POST, DELETE methods). WEB технологии за развој на сервиси и апликации во телекомуникациите. Развој на сервиси и апликации базирани на Java. Употреба на PHP во развој на телекомуникацисаки сервиси. Микросервиси. Сервиси во облак. Примери за користење на јавно достапни сервиси во облак. Безбедносни аспекти при развојот на телекомуникациските апликации. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа, работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 15 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 15 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 70 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и изработени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Два парцијални испити во текот на семестарот во времетраење од по 120 минути или еден писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути и изработка на практична проектна задача. Во конечната оценка влагуваат поените од испитите, поените од проектната задача, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Sauming Pang | Successful Service Design for Telecommunications | John Wiley & Sons | 2009 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Paul Deitel, Harvey Deitel, Abbey Deitel | Internet and world wide web : how to program | Pearson; 5th edition | 2012 |