Регулатива во енергетиката

Објавено: март 13, 2019

Предмет: Регулатива во енергетиката

Код: 3ФЕИТ09010

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+1

Наставник: Проф. д-р Весна Борозан

Цели на предметната програма: Познавање и примена на законодавството на ЕУ од областа на енергетиката со фокус на пазарите на електрична енергија и природен гас и негова примена во регионот на ЈИЕ и Република Македонија.

Содржина на предметната програма: 1. Трет пакет за енергетика на ЕУ. Пазар на електрична енергија: Директива 2009/72/ЕЦ – Заеднички правила на Внатрешниот пазар на електрична енергија на ЕУ; Регулатива (ЕЦ) бр. 714/2009 – Услови за пристап на електроенергетските преносни мрежи; Пазар на природен гас: Директива 2009/73/ЕЦ – Заеднички правила на Внатрешниот пазар на природен гас на ЕУ; Регулатива (ЕЦ) бр. 715/2009 – Услови за пристап на преносните мрежи за природен гас. 2. Чиста енергија за секој Европеец – нов пакет за енергетика на ЕУ во фаза на подготовка. Енергетска унија, политики, директиви, регулативи. 3. Енергетска заедница и регионални иницијативи. Договор за Енергетска заедница – цели, потписници, учесници, институционална поставеност; Обврски за потписниците – имплементација на acquis communautaire за енергија, животна средина, конкуренција и обновливи извори на енергија, како и за енергетска ефикасност и нафтени стокови резерви; Очекувани придобивки – сигурност во снабдувањето со енергија, инвестиции, регионални пазари на енергија, прекугранична трговија со енергија, интеграција во Внатрешниот пазар на енергија на ЕУ. 4. Регулирање на цените во енергетскиот сектор и тарифи. Потреба од регулатива во енергетскиот сектор; Регулирани дејности – Преносни и дистрибутивни услуги и оператори на системите; Трошоци во преносните и дистрибутивните компании; Регулаторни пристапи, повраток на инвестициите и одредување на цените на услугите. Трошоци на користење на преносните и дистрибутивните мрежи: Тарифи базирани на просечни трошоци; Тарифи базирани на маргинални трошоци.  5. Законска и подзаконска рамка во Р. Македонија. Закон за енергетика на РМ и основни подзаконски акти; Структура на пазарот на ЕЕ во РМ; Учесници на пазарот; Институции на пазарот. 6. Стратешки определби на Р. Македонија во областа на енергетиката и очекуван развој.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1A. PiebalgsEurope’s New Energy PolicyClaeys & Casteels, Belgium2009
2D. Buschle, H. Lesjak (Eds.)The Energy Community Legal Framework, 4th EditionEnergy Community Secretariat2017
3C. W. Jones (Ed.)EU Energy Law – Volume 1, The Third Internal Energy Market, The Third Liberalisation PackageClaeys & Casteels, Belgium2010
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Lorrin Philipson,  H. Lee WillisUnderstanding Electric Utilities and De-Regulation, 2nd Ed.CRC Press Taylor & Francis Group2006
2 Предавања, презентации, студии, извештаи на стручни работни тела, законски и подзаконски акти и други материјали