Регулатива во енергетиката

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Регулатива во енергетиката
2. Код 4ФЕИТ09013
3. Студиска програма 3-ЕЕС, 17-РЕЕКС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Александра Крколева Матеска
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Познавање на енергетската политика и законодавството на Европската унија (ЕУ) и Енергетската заедница (ЕнЗ), со фокус на законодавството од областа на пазарите на електрична енергија и природен гас и негова примена во земјите на Западен Балкан и Република Северна Македонија.

11. Содржина на програмата:

1. Енергетска политика на ЕУ и на ЕнЗ: Стратегија – Енергетска унија, Законодавен пакет – Чиста енергија за сите Европејци, Патоказ за остварување на целите до 2040 година – Зелен договор; Пазар на електрична енергија – Директива (ЕУ) 2019/944 за заедничките правила за Внатрешниот пазар на електрична енергија (препев), Регулатива (ЕУ) 2019/943 за Внатрешниот пазар на електрична енергија, Регулатива (ЕУ) 2019/941 за подготвеност за совладување на ризиците во електроенергетскиот сектор и Регулатива (ЕУ) 2019/942 за воспоставување на ACER (препев). 2. Трет пакет за енергетика на ЕУ. Пазар на електрична енергија: Директива 2009/72/ЕК – Заеднички правила на Внатрешниот пазар на електрична енергија на ЕУ; Регулатива (ЕК) 714/2009 – Услови за пристап на електроенергетските преносни мрежи; Пазар на природен гас: Директива 2009/73/ЕК – Заеднички правила на Внатрешниот пазар на природен гас на ЕУ; Регулатива (ЕК) 715/2009 – Услови за пристап на преносните мрежи за природен гас. 3. Енергетска заедница и регионални иницијативи. Договор за Енергетска заедница – цели, потписници, учесници, институционална поставеност; Обврски за потписниците – имплементација на acquis communautaire за енергија, животна средина, конкуренција и обновливи извори на енергија, како и за енергетска ефикасност, инфраструктура, кибер безбедност и нафтени стокови резерви; Очекувани придобивки – сигурност во снабдувањето со енергија, инвестиции, регионални пазари на енергија, прекугранична трговија со енергија, интеграција во Внатрешниот пазар на енергија на ЕУ; Обврски на Република Северна Македонија како страна во Договорот за ЕнЗ. 4. Регулирање на цените во енергетскиот сектор и тарифи. Потреба од регулатива во енергетскиот сектор; Регулирани дејности – Преносни и дистрибутивни услуги и оператори на системите; Трошоци во преносните и дистрибутивните компании; Регулаторни пристапи, повраток на инвестициите и одредување на цените на услугите. Трошоци на користење на преносните и дистрибутивните мрежи:

12. Методи на учење:

Предавања со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни и самостојни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 70 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 20 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Завршени домашни задачи.
20. Начин на полагање на испитот

Предметот се полага со подготовка на самостојни задачи и нивна презентација. По завршување на предвидените задачи по предметот, како завршен испит се подготвува усмена презентација за предметот во траење од 30 минути.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација.
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. D. Buschle, H. Lesjak (Eds.) The Energy Community Legal Framework, Edition 4.3, June 2022 Energy Community Secretariat 2022
2. C. W. Jones (Ed.) EU Energy Law – Volume 1, The Third Internal Energy Market, The Third Liberalisation Package Claeys & Casteels, Belgium 2010
3. В. Борозан, А. Крколева Матеска, П. Крстевски Правна рамка на електроенергетскиот сектор во Република Северна Македонија и нејзина меѓународна позиција Friedrich-Ebert-Stiftung (FES), ISBN 978-9989-109-96-6 2020
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  В. Борозан, А. Крколева Матеска, П. Крстевски  Компаративна анализа на правната рамка за електроенергетскиот сектор во Република Северна Македонија и европското законодавство  Friedrich-Ebert-Stiftung (FES), ISBN 978-9989-109-96-6  2020
2.  European Parliament, the Council, the European Economic and Social Committee and the Committee of the Regions  Joint Communication: EU external energy engagement in a changing world  European Commission  2022