Регулатива во железничкиот транспорт

Објавено: март 13, 2019

Предмет: Регулатива во железничкиот транспорт

Код: 3ФЕИТ11006

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Зоран Кракутовски

Цели на предметната програма (компетенции): Познавање на железничкиот транспорт, неговите специфики и регулативата во Р. Македонија и во ЕУ.

Содржина на предметната програма: 1. Железнички транспорт: поделба на железничкиот транспорт, предности и недостатоци на железничкиот транспорт. 2. Глобализација и либерализација на железничкиот транспорт: влијанието на железничкиот транспорт во процесите на глобализација, поделба на железничките компании – разни форми на поделба, ЕУ политика во доменот на железничкиот транспорт. 3. Легислатива во железничкиот транспорт: домашна легислатива, УИЦ документи, местото, улогата и одговорностите на секој чинител во одвивањето на железничкиот транспорт, технички стандарди за интероперабилност на железничкиот транспорт – ЕУ директиви, искуства од примената на ЕУ легислативата во државите од ЕУ, Југоисточна Европа и Република Македонија. 4. Планирање и менаџирање на проекти од железничкиот траснпорт: железницата и социо-економскиот развој на општеството, конкурентност и влијанија на железницата врз опкружувањето, студии за оправданост на инвестициите во железницата и методи на финансирање, управување со проекти за изградба на нови пруги, реконструкција и одржување на постоечките пруги, планирање на активностите.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Зоран Кракутовски Проектирање на железници Градежен факултет Скопје 3
2 V.A. Profillidis Менаџирање и управување со железници Ashgate, USA 6
3 Конард Есвалд Современ горен строј MRT – Productions, Германија -20
Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Европска унија Интероперабилност во железничкиот систем ЕУ СЛужбен весник 191/1,126/53 -6