Реконфигурабилни мрежи

Последна измена: ноември 11, 2019

Предмет: Реконфигурабилни мрежи

Код: 3ФЕИТ10026

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Валентин Раковиќ, Доц. д-р Томислав Шуминоски

Цели на предметната програма (компетенции): Разбирање на концептот на хетерогено омрежување и препознавање на тековните стандарди кои го поддржуваат.

Содржина на предметната програма: Поим за реконфигурабилност на телекомуникациски системи. Мрежна и корисничка реконфигурабилност. Вертикален хендовер. Транспарентност. Обезбедување QoS од крај до крај во хетерогени мрежи. Стандардизациони активности (IEEE 802.21).  Алгоритми за QoS, управување со мобилност и реконфигурабилност на ресурси во хетерогени сценарија. Користење на медиумски независен хендовер (анг. MIH). Кооперативност во телекомуникациски мрежи.  Когнитивност во мрежи. Софтверски дефинирано радио (анг. SDR). Дизајн на интелигентни уреди со повеќе интерфејси. Дизајн на инфраструктурни компоненти на когнитивни мрежи. Стандардизација (IEEE 802.22).  Адаптивност и реконфигурабилност на поедини слоеви од протоколниот стек. Вертикални меѓунивовски оптимизации (анг. cross-layering) во реконфигурабилни мрежи во статички и динамички услови. Примена на машинско учење и алгоритми од вештачка интелигенција. Поврзување на cross-layering со кооперативност и когнитивност.  Реконфигурабилност на ресурси. Стратегии за доделување канали (статички и динамички). Примена на агенти.  Динамичко управување и користење на спектар. Напредни алгоритми. Композитна радио средина (CRE).  Примена на протоколни подобрувања (анг. protocol boosters).  Реконфигурабилност во хетерогено омрежување.  Идни развојни концепти во хетерогени мрежи.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1K.C. Chen, R. PrasadCognitive Radio NetworksJohn Wiley and Sons2009
2I. Cosovic, F. K. Jondral, M. Buddhikot, R. KohnoCognitive Radio and Dynamic Spectrum Sharing SystemsHindawi2008
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1E. Hossain, V. K. BhargavaCognitive Wireless Communication NetworksSpringer2007
2Maria Stella IacobucciReconfigurable Radio Systems: Network Architectures and StandardsJohn Wiley & Sons2013