Реконфигурабилни мрежи

Последна измена: јули 12, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Реконфигурабилни мрежи
2. Код 4ФЕИТ10021
3. Студиска програма 11-ИБС, 12-КИТ, 17-РЕЕКС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Томислав Шуминоски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Разбирање на концептот на хетерогено омрежување и препознавање на тековните стандарди кои го поддржуваат.

11. Содржина на програмата:

Поим за реконфигурабилност на телекомуникациски системи. Мрежна и корисничка реконфигурабилност. Вертикален хендовер. Транспарентност. Обезбедување QoS од крај до крај во хетерогени мрежи. Стандардизациони активности (IEEE 802.21). Алгоритми за QoS, управување со мобилност и реконфигурабилност на ресурси во хетерогени сценарија. Користење на медиумски независен хендовер (анг. MIH). Кооперативност во телекомуникациски мрежи. Когнитивност во мрежи. Софтверски дефинирано радио (анг. SDR). Дизајн на интелигентни уреди со повеќе интерфејси. Дизајн на инфраструктурни компоненти на когнитивни мрежи. Стандардизација (IEEE 802.22). Адаптивност и реконфигурабилност на поедини слоеви од протоколниот стек. Вертикални меѓунивовски оптимизации (анг. cross-layering) во реконфигурабилни мрежи во статички и динамички услови. Примена на машинско учење и алгоритми од вештачка интелигенција. Поврзување на cross-layering со кооперативност и когнитивност. Реконфигурабилност на ресурси. Стратегии за доделување канали (статички и динамички). Примена на агенти. Динамичко управување и користење на спектар. Напредни алгоритми. Композитна радио средина (CRE). Примена на протоколни подобрувања (анг. protocol boosters). Реконфигурабилност во хетерогено омрежување. Идни развојни концепти во хетерогени мрежи.

12. Методи на учење:

Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и/или семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 40 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Реализирани активности од 15.1 до 16.3.
20. Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 90 минути) и изработка на практична проектна задача (по завршување на теоретскиот дел). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, поените од проектната задача, поените од домашните задачи и поените од активноста при учење. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 90 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, поените од проектната задача, поените од домашните задачи и поените од активноста при учење. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. K.C. Chen, R. Prasad Cognitive Radio Networks John Wiley and Sons 2009
2. I. Cosovic, F. K. Jondral, M. Buddhikot, R. Kohno Cognitive Radio and Dynamic Spectrum Sharing Systems Hindawi 2008
3. Maria Stella Iacobucci Reconfigurable Radio Systems: Network Architectures and Standards John Wiley & Sons 2013
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  E. Hossain, V. K. Bhargava  Cognitive Wireless Communication Networks  Springer  2007