1. Наслов на наставниот предмет | Роботика 1 | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ01Л017 | |||||||
3. Студиска програма | КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Горјан Наџински | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Математика 2 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Студентите ќе ги совладаат темелите на роботиката, ќе се запознаат со основите на кинематиката и динамиката на роботските манипулатори, и ќе бидат оспособени за градба на едноставни роботски системи. | ||||||||
11. Содржина на програмата: 1. Вовед: – дефиниции, историја, примена, класификација на роботите. Поделба, компоненти, степени на слобода на движење, конфигурации, координатни системи и работен простор на една роботска рака. 2. Кинематика на роботска рака: претставување на точка, вектор, координатен систем и круто тело во просторот, претставување на движења во просторот, директна кинематика на роботска рака, Denavit-Hartenberg параметри и модел на роботска рака, инверзна кинематика на роботска рака. 3. Диференцијални движења и брзини – Јакобијан на роботска рака, диференцијални движења и промени на координатни системи. 4. Динамика на роботска рака: Лагранжовата механика, динамички модел на една роботска рака, анализа на статичките сили кај една роботска рака, трансформација на сили и моменти помеѓу координатни системи. 5. Планирање траектории на движење: опис на траекториите во просторот на зглобови на роботската рака, планирање на траекториите во просторот на зглобовите, траектории во Декартов координатен систем. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | успешно завршени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). 1. За студентите кои ги положиле парцијалните испити, како замена за завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен). 2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен). |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Saeed B. Niku | Introduction to Robotics: Analysis, Control, Applications | Wiley | 2010 | ||||
2 | Е. Лазаревска | Вовед во роботиката | УКИМ-Скопје | 2020 | ||||
3 | Е. Лазаревска | Збирка решени задачи по вовед во роботика | УКИМ-Скопје | 2016 |