1. Наслов на наставниот предмет | Сателитски комуникации и системи | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ10Л025 | |||||||
3. Студиска програма | ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/8 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Славче Пејоски, Д-р Томислав Шуминоски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Ислушан: Безжични комуникации | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Студентот ќе биде оспособен за планирање и проектирање на сателитски системи и имплементација на стандарди за квалитет во истите. Студентот ќе добие знаења за современите сателитските комуникации и сервиси. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Историски развој. Дигитални модулациони постапки кај сателитски системи. Пресметка на веројатноста на грешка во присуство на шум и фединг. Влијание на простирањето на брановите врз квалитетот на пренос. Проектирање на фиксни безжични системи точка-точка. Пример за изработка на конкретен проект. Проектирање на системи точка-повеќе точки (системи за локален пристап: WLL – wireless local loop). Сателитски комуникации. Сателитски линкови. Пресметување на моќност и загуби. Системи за повеќекратен пристап (FDMA, TDMA, Aloha, CDMA). VSAT системи. Мобилни сателитски сервиси (GEO и не-GEO). Глобални системи за позиционирање – GPS. Интеграција на сателитски и целуларни системи. Широкопојасни сателитски системи. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа, работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 10 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 30 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и изработени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и можност за изработка на семинарска работа. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, поените од семинарската работа, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, поените од семинарската работа, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Roger L. Freeman | Radio System Design for Telecommunications | John Wiley & Sons | 2007 | ||||
2 | G.Maral, M.Bousquet, Z.Sun | Satellite Communications Systems | John Wiley & Sons | 2009 |