Сензори, сигнали и системи за аквизиција на податоци

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Сензори, сигнали и системи за аквизиција на податоци

Код: 3ФЕИТ03013

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+1

Наставник: Вон. проф. д-р Живко Коколански

Цели на предметната програма (компетенции): Здобивање знаења за карактеристиките на мерните сензори. Дизајн на сензорски мерни системи и електрични кола за анализа на мешовити сигнали. Анализа на граничните метролошки карактеристики кај системите за аквизиција на податоци. Ограничувања во време, точност и резолуција.

Содржина на предметната програма: Класификација на сигнали од мерните сензори. Физички принципи на сензори и преобразувачи. Динамички карактеристики на мерни системи од прв и втор ред, време на смирување и одзив. Карактеристики на мерните сензори: чувствителност, резолуција, точност, линеарност, поместувањем засилување, однос сигнал/шум, мерна неодреденост и грешки. Активни и пасивни сензори. Електронски кола за кондиционирање базирани на временско-дигитална и аналогно-дигитална конверзија. Обработка на аналогни сигнали и филтрирање. Паметни сензори. Компјутерско-базирани системи за аквизиција на податоци и виртуелна инструментација. Комуникациски интерфејси и програмирање.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Patrick H. Garrett Multisensor Instrumentation – Six Sigma Design John Wiley & Sons 2002

2

M. Burns, G. Roberts An Introduction to Mixed-Signal IC Test and Measurement Oxford University Press 2001