Сигнали и системи

Објавено: октомври 22, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Сигнали и системи

2.    Код

3ФЕИТ05З035

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/3

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Димитар Ташковски

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Математика 1

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Курсот има за цел да ги запознае студентите со основните концепти и математички алатки за процесирање на сигнали и анализа на системи. По звршување на курсот студентот е оспособен  – да стекне претстава за основните концепти поврзани со процесирање на сигналите како што се: конволуција, фреквенциски спектар, фреквенциска карактеристика, филтрирање, преносна функција. – да анализира модели на LTI системи во временски и фреквенциски домен  – да користи и одбира соодветни алатки за решавање на конкретни модели

11.    Содржина на програмата: Сигнали. Основи операции врз сигналите. Системи. Особини, со посебен осврт на линеарни временски непроменливи системи. Основни елементи за реализација на LTI системи. Процесирање во оригинален домен. Конволуциска сума и конлолуциски интеграл. Процесирање на периодични сигнали: Фуриеов ред. Процесирање на апериодични сигнали. Фуриеова трансформација. Kарактеризирање на LTI системите во временски и фреквенциски домен (фреквенциски спектар, фреквенциска карактеристика, поим за филтрирање, дијаграми на Bode). Анализа на LTI системи со Лапласова трансформација и со Z трансформација. Дискретизација и реконструкција на аналогни сигнали.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, домашни задачи, аудиториски вежби; сето тоа реализирано во електронско опкружување

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

75

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

80

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A. Oppenheim, A. Willsky, S. H. Nawab

Signals and Systems

Prentice-Hall

1997

2

S.Haykin, B. Van Veen

Signals and Systems

John Wiley and Sons

2002