Предмет: Сигурност во мултимедија
Код: 3ФЕИТ05025
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Димитар Ташковски
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно комплетирање на курсот студентот ќе демонстрира знаење и разбирање на основите на дигиталното водено означување наменето за заштита и проверка на автентичноста на мултимедијалните дела како и на генералниот концепт и примена на стеганографијата. Студентот ќе демонстрира знаење и разбирање на поголем број методи за водено означување, на нападите врз системите за водено означување како и на мерките за справување со тие напади, тестовите кои се користат за евалуација на перформансите на методите за водено означување како и на современите техники за анализа на делата кои можеби содржат дополнителни информации. Студентот ќе може да ги применува техниките за водено означување за заштита и за проверка на автентичноста на мултимедијални дела.
Содржина на предметната програма: Вовед во техниките за сокривање на податоци. Дигитално водено означување: Историја. Примена. Својства. Основни принципи на водено означување. Методи за водено означување. Класификација на методите. Евалуација на методите. Перцепциски модели кои се користат во техниките за водено означување. Робусност. Сигурност. Водено означување за проверка на автентичноста на мултимедијалното дело (кршлив воден знак). Стеганографија и стего-анализа. Историја. Генерални концепти и примена на стеганографијата. Техники на стеганографија. Стего-анализа.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Cox, M. Miller, and J. Bloom | Digital Watermarking | Morgan Kaufmann Publishers, Inc., San Francisco, | 2001 |
2 |
S. Katzenbeisser and F. Petitcolas (editors), | Information Hiding Techniques for Steganography and Digital Watermarking | Artech House | 2000 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Chun-Shien Lu | Multimedia Security:: Steganography and Digital Watermarking Techniques for Protection of Intellectual Property | Idea Group Publishing | 2004 |