1. |
Наслов на наставниот предмет |
Сигурност во мултимедија |
2. |
Код |
4ФЕИТ05033 |
3. |
Студиска програма |
10-ДПСМ |
4. |
Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии |
5. |
Степен (прв, втор, трет циклус) |
Втор циклус студии |
6. |
Академска година/семестар |
I/1 |
7. |
Број на ЕКТС кредити |
6.00 |
8. |
Наставник |
Д-р Димитар Ташковски |
9. |
Предуслов за запишување на предметот |
|
10. |
Цели на предметната програма (компетенции):
Со успешно комплетирање на курсот студентот ќе демонстрира знаење и разбирање на основите на дигиталното водено означување наменето за заштита и проверка на автентичноста на мултимедијалните дела како и на генералниот концепт и примена на стеганографијата. Студентот ќе демонстрира знаење и разбирање на поголем број методи за водено означување, на нападите врз системите за водено означување како и на мерките за справување со тие напади, тестовите кои се користат за евалуација на перформансите на методите за водено означување како и на современите техники за анализа на делата кои можеби содржат дополнителни информации. Студентот ќе може да ги применува техниките за водено означување за заштита и за проверка на автентичноста на мултимедијални дела.
|
11. |
Содржина на програмата:
Вовед во техниките за сокривање на податоци. Дигитално водено означување: Историја. Примена. Својства. Основни принципи на водено означување. Методи за водено означување. Класификација на методите. Евалуација на методите. Перцепциски модели кои се користат во техниките за водено означување. Робусност. Сигурност. Водено означување за проверка на автентичноста на мултимедијалното дело (кршлив воден знак). Стеганографија и стего-анализа. Историја. Генерални концепти и примена на стеганографијата. Техники на стеганографија. Стего-анализа.
|
12. |
Методи на учење:
Предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите, домашни задачи и проектни задачи.
|
13. |
Вкупен расположив фонд на време |
180 |
14. |
Распределба на расположивото време |
3 + 3 |
15. |
Форми на наставните активности |
15.1 |
Предавања – теоретска настава |
45 часови |
15.2 |
Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа |
45 часови |
16. |
Други форми на активности |
16.1 |
Проектни задачи |
30 часови |
16.2 |
Самостојни задачи |
30 часови |
16.3 |
Домашно учење |
30 часови |
17. |
Начин на оценување |
17.1 |
Тестови |
0 бодови |
17.2 |
Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) |
50 бодови |
17.3. |
Активност и учење |
0 бодови |
17.4. |
Завршен испит |
50 бодови |
18. |
Критериуми за оценување (бодови/оценка) |
до 50 бода |
5 (пет) (F) |
од 51 до 60 бода |
6 (шест) (E) |
од 61 до 70 бода |
7 (седум) (D) |
од 71 до 80 бода |
8 (осум) (C) |
од 81 до 90 бода |
9 (девет) (B) |
од 91 до 100 бода |
10 (десет) (A) |
19. |
Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Редовно присуство на предавањата |
20. |
Начин на полагање на испитот |
Проектна заадача и завршен испит. |
21. |
Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски |
22. |
Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети. |
23. |
Литература |
23.1. |
Задолжителна литература |
Ред.
број |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1. |
Cox, M. Miller, and J. Bloom |
Digital Watermarking |
Morgan Kaufmann Publishers, Inc., San Francisco, |
2001 |
2. |
S. Katzenbeisser and F. Petitcolas (editors), |
Information Hiding Techniques for Steganography and Digital Watermarking |
Artech House |
2000 |
23.2. |
Дополнителна литература |
Ред.
број |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1. |
Chun-Shien Lu |
Multimedia Security:: Steganography and Digital Watermarking Techniques for Protection of Intellectual Property |
Idea Group Publishing |
2004 |