Симулација на телекомуникациски системи

Објавено: февруари 12, 2019

Предмет: Симулација на телекомуникациски системи

Код: 3ФЕИТ10027

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Зоран Хаџи-Велков

Цели на предметната програма (компетенции): Употреба на методи за моделирање, симулација и анализа при истражувањата во телекомуникациите и информационото инженерство. Разбирање на системските компоненти и параметри при дизајнот на современ ТК систем.

Содржина на предметната програма: Линеарни и нелинеарни трансформации на случајни процеси. Трансформација на моменти и кумуланти (директен метод и Рајсов метод). Гаусови теснопојасни случајни процеси. Други теснопојасни случајни процеси. Испади во случајни процеси.   Методи на моделирање во телекомуникации. Основни компоненти на современите ТК системи во реални услови на работа. Модели на комуникациски канали. Модели на предавател и приемник. Моделирање и грешки при моделирање на комплексни сигнали, шум и интерференција во временски и фреквентен домен.   Симулациски методи во телекомуникации. Оценка на перформанси на телекомуникациски систем преку симулација. Квалитет на оценувач. Монте Карло методи. Статистички тестови. Стохастички диференцијални равенки и стохастички интеграли. Нумерички методи за решавање на проблеми во современите телекомуникации.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1S. Primak, V. Kontorovich and V. LyandresStochastic Methods and Their Applications to CommunicationsJohn Wiley & Sons2004
2Reuven Y. Rubinstein and Dirk P. KroeseSimulation and the Monte Carlo MethodWiley2007
3M. Simon and M.S. AlouiniDigital Communications over Fading ChannelsWiley2005