1. Наслов на наставниот предмет | Симулациски методи во телекомуникации | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ10З027 | |||||||
3. Студиска програма | ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/5 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Зоран Хаџи-Велков, Д-р Славче Пејоски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Математика 2 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со примената на теоријата на случајни процеси во анализата на телекомуникациски сигнали и системи. Запознавање со теоретски методи и практични алатки за моделирање и симулација на телекомуникациски системи (физичко ниво). Способност за моделирање и симулација на основни блокови во комуникациски систем. Способност да се дизајнира и оптимизира телекомуникациски систем со употреба на компјутерска симулација. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Основни методи за моделирање и симулации во телекомуникации. Извори на грешки при симулација. Репрезентација и моделирање на детерминирани сигнали и линеарни системи. Моделирање и симулација на временски променливи и нелинеарни системи. Примена на случајни променливи и случајни процеси во симулации. Компјутерско генерирање на случајни процеси. Генератори на шум. Генерирање на корелирани случајни низи. Авторегресивни модели и предвидување. Џул-Вокерови равенки. Моделирање и симулација на комуникациски канали. Монте Карло симулација. Симулација на ретки настани. Оценка на излезни податоци од симулација. Точкеста оценка на параметри. Интервал на доверба. Моделирање и симулација на радиокомуникациски канали. Моделирање и симулација на основни блокови во телекомуникациски систем. Алгоритми за телекомуникациски приемник. Оптимизација на телекомуникациски системи со употреба на компјутерска симулација. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, самостојна работа, изработка на семинарски работи | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 20 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 20 | |||||||
16.3. Домашно учење | 65 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 40 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Изработени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот). Во текот на семестарот студентите може да се задолжат самостојно да изработат семинарски работи. За студентите кои ги положиле парцијалните испити може да се спроведе и завршен устен испит. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, поените од семинарските работи и завршниот устен испит. Студентите кои наместо преку два парцијални испити, испитот го полагаат преку писмен испит, истиот го полагаат во предвидените испитни сесии. За студентите кои го положиле писмениот испит, може да се спроведе и завршен устен испит. Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, поените од семинарските работи и завршниот устен испит. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид. Дозволено е користење на калкулатор. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | З. Хаџи-Велков | Симулациски методи во телекомуникации | интерна скрипта | NULL | ||||
2 | M. C. Jeruchim, P. Balaban, and K. S. Shanmugan | Simulation of Communication Systems, 2nd ed. | Kluwer Academic Publishers | 2002 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Џон Г. Проакис | Современи комуникациски системи со употреба на MATLAB | Арс ЛАМИНА | 2016 |