Системи на автоматско управување

Последна измена: септември 12, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Системи на автоматско управување

2.    Код

3ФЕИТ01Л020

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КТИ, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/4

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Горјан Наџински

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Цел на оваа дисциплина е да ги запознае студентите со основните системи на автоматско управување, модели на системите на автоматско управување.  Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени да ги препознаваат и идентификуваат системите, да можат истите аналитички да ги моделираат и да ги анализираат нивните својства со помош на компјутерски алатки како MATLAB. Студентите ќе бидат оспособени за проектирање на едноставни управувачи за овие системи и да ги анализираат перформансите на системите со повратна врска управувани од овие управувачи.

11.    Содржина на програмата: Вовед – основни поими и дефиниции, класификација на систе­мите, примери на системи на автоматско управување. Математички основи: дифе­­рен­цијални равенки, Лапласова трансформација, инверзна Лапла­сова транс­формација, преносни функции. Математичко моделирање: на механички, елек­три­чни и електро-механички системи. Блок дијагра­ми и карактеристики на САУ: алгебра на блок шеми. Перформанси на САУ и крите­риуми за синтеза: точност во стационарната состојба, карак­теризација на преод­ниот режим, интегрални крите­риуми на квалитет. Стаби­лност на динами­чките системи: алгебарски критриуми за ста­бил­ност. Анализа на САУ во фреквенциското под­рачје. Анализа на САУ во просторот на состојба: вари­јаб­ли на состојба и простор на состојба, добива­ње равенки на состојба од дифе­ренцијални равен­ки и од преносни функ­ции, решавање на равенките на состојба, фундаментална матрица, својс­твени вред­ности и својствени вектори, матрична преносна функ­ција. Дигитални системи на управување. Основи на ПИД

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

90

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

90

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Успешно изработени лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Норман С. Нисе Системи на автоматско управување Датапонс, Скопје 2008

2

Richard C. Dorf, Robert H. Bishop Modern Control Systems Prentice Hall 2010