Системи за дигитални трансакции

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Системи за дигитални трансакции

Код: 3ФЕИТ07018

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Валентин Раковиќ, Доц. д-р Даниел Денковски

Цели на предметната програма (компетенции): Познавање на концептите на системите за дигитални трансакции, како и постоечките решенија кои ја користат blockchain технологијата. Програмирање на паметни договори за трансакции од различен вид. Оспособеност за реализација на различни решенија за дигитални трансакции во различни сектори.

Содржина на предметната програма: Дистрибуирани системи за дигитални трансакции, архитектура и базична функционалност. Дистрибуиран делен систем на записи (анг. shared ledger), паметни договори (анг. smart contracts), дигитални средства, трансакции. Преглед и анализа на постоечките решенија од областа (bitcoin, ethereum). Програмски јазици за овозможување на работата на овие системи, програмирање на паметни договори и сл. Примена на решенијата за дигитални трансакции во различни сектори.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Andreas M. AntonopoulosMastering Bitcoin: Unlocking Digital CryptocurrenciesO’Reilly Media Incorporated2017
2Alex LeveringtonEthereum ProgrammingPackt Publishing Limited2017
3Chris DannenIntroducing Ethereum and Solidity: Foundations of Cryptocurrency and Blockchain Programming for BeginnersAppress2017
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1 Статии од списанија и зборници од конференции 2017