Следна генерација оптички мрежи

Објавено: февруари 12, 2019

Предмет: Следна генерација оптички мрежи

Код: 3ФЕИТ10028

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Борислав Поповски

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на курсот, се очекува студентот да ги знае напредните концепти и протоколи кај оптичките мрежи, истите да ги применува кај постојните и идните телекомуникациски системи, да е компетентен за дизајн на оптичките мрежи и нивна имплементација и оспособен за вршење на научноистражувачка работа во областа на оптичките мрежи.

Содржина на предметната програма: Споредба на технологиите, сервиси, развој на оптичките мрежи. Клиентски оптички мрежи: IP, MPLS, GMPLS, Gigabit-Ethernet (GbE), Storage-Area Networks (SAN).  Мрежи со рутирање по бранови должини (WDM). Оптичко ниво, степен на претворање на бранови должини, дизајн (LTD), сообраќајни модели и критериуми за квалитет, рутирање и доделување на бранови должини (RWA). OTN стандарди. Рутирање и додела на спектар кај еластични оптички мрежи. Софтверски дефинирани оптички мрежи. Управување со конфигурацијата на оптичките мрежи. Управување со конекциите, адаптација, контролна рамнина на оптичко и клиентско ниво.  Фотонска комутација OBS, OPS. Поларизациско Мултиплексирање (PolDM). Синхронизација. Процесирање на заглавија. Баферирање. Пристапни мрежи. Преглед на мрежни архитектури, постоечки и идни пристапни мрежи, HFC, FTTH, FTTC, архитектура на оптички пристапни мрежи. Пасивни оптички мрежи (PON). EPON, GPON, WPON, WRPON. Реализација. TDMA и WDMA пристап.  Интелигентни оптички транспортни системи (on-board автомобилски мрежи, оптички мрежи кај леталата). Оптички мрежи за дистрибуирани антенски системи. Оптички безжични системи.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Biswanath MukherjeeOptical WDM NetworksSpringer2006
2Thomas E. Stern, Georgios Ellinas, Krishna BalaMultiwavelength Optical NetworksCambridge University Press2009
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Jason P.Jue, Vinod M. VokkaraneOptical Burst Switched NetworksSpringer2011
2Josep PratNext-Generation FTTH Passive Optical NetworksSpringer2008